Старо село (Ливоишта)
Старо село или Црквиште — археолошко наоѓалиште во охридското село Ливоишта. Наоѓалиштето претставува средновековна црква и некропола. На околу 3 км северозападно од селото се гледаат остатоци од градба кои се простираат на површина 20 × 20 метри. Во источниот дел на урнатините, кои претставуваат грамада од камења, се забележува апсидална основа што индицира остатоци од сакрален објект. Југоисточно од овие урнатини, на зарамнет простор, при изградбата на патот биле откриени и растурени повеќе гробови.[1]
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 251, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија за поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |