Староградско пиво

Староградско пиво, првото непастеризирано пиво во Македонија е премиум светло пиво, произведено по традиционален германски рецепт, со уникатна боја на зрело жито и бујна и цврста пена. Во својот состав, Староградско содржи исклучиво јачменов слад и хмељ, без додаток на други житарки, што е уште една потврда за премиум квалитетот на ова пиво, заедно со користењето на чиста изворска Горска вода, како една од главните состојки. Староградско се произведува со најсовремена микробиолошка мембранска филтрација со што пивото го задржува својот оригинален вкус и свежина и е непастеризирано[1].

Староградско пиво на полица во маркет
ТипПиво
ПроизводителГорска
Земја на потеклоМакедонија
Алкохол по волумен4.5% kupigorska.mk
СтилСветло
Матична страницаkriglapivo.com

Започна да се произведува во 2015 година, а содржи 4,5% алкохол[2].

Се полни во: – Неповратна стаклена амбалажа од 0,33л.;

Наводи уреди

  1. „Староградско Пиво“. Купи Горска. 2017-02-17. Посетено на 2018-08-01.
  2. „Кригла Пиво | Староградско“. kriglapivo.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-08-20. Посетено на 2018-08-01.