Стар Египет

стара цивилизација во Североисточна Африка
(Пренасочено од Стариот Египет)

Древен Египет или Стар Египет — стара цивилизација во источниот дел на Северна Африка, расположена во долниот тек на реката Нил, каде денес се наоѓа современата држава Египет. Оваа цивилизација претставува дел од еден збир на цивилизации, цивилизациите од Долината по течението на Нил, од која се дел региони од Јужен Египет (во денешен Судан, Еритреја, Сомалија и Етиопија). Египетските цивилизации се обединиле околу 3150 година п.н.е.[1] со политичкото обединување на Горен и Долен Египет, кои биле под власт на првиот фараон[2] и продолжиле да се развиваат во наредните три илјадалетија.

Пирамидите во Гиза се најпрепознатливиот симбол на цивилизацијата во Стар Египет
Карта од Стар Египет, на која се прикажани најголемите градови за време на Династичкиот Период (c. 3150 п.н.е до 30 п.н.е.)

Кралствата во нивната историја биле стабилни, но се распаѓале во периоди на нестабилност, кои се познати како Преодени периоди. Стар Египет го достигнал врвот на својот развој во времето на Новото Кралство, по кое настапил период на бавно назадување. На крајот на овој период Египет бил освоен од сили кои не биле од Африканскиот Континент. Владеењето на фараонот официјално завршило во 31 година п.н.е. кога Египет потпаднал под римска власт и станал римска провинција.[3]

Успехот на страта египетска цивилизација делумно произлегол и од нивната способност да се приспособат кон условите во Долината по течението на Нил. Предвидливите поплави и контролираното наводнување на плодната долина придонело кон произведување на вишок култури, кои ги разгореле општествениот развој и културата. Со вишок ресурси, власта го поттикнала искористувањето на минералните суровини од долината и околните пустини. Развивањето на независен збучен систем, организирањето на колективно градење и земјоделски проекти, трговијата со околните региони и воената опрема наменета за поразување на надворешните непријатели ја осигурале египетската доминација. Поттикнувањето и организирањето на овие активности било изведено од страна на бирократијата сочинета од првокласни писари, верски водачи и службеници кои биле под контрола на фараонот кој обезбедувал соработка и единство на египетскиот народ во смисла на религиозните верувања.[4][5]

Помеѓу многуте достигнувања на старите Египќани биле и техниките за експлоатација на каменоломите, надзорните и градежните техники кои ја олеснувале изградбата на величествените пирамиди, храмови и обелисци. Египќаните исто така развиле и математички систем, практичен и делотворен медицински систем, систем за наводнување и техники за земјоделско производство, тие ги направиле и бродовите за кои се смета дека се први, имале технологија за производство на стакло, создале нови литературни форми и го направиле првиот мировен договор за кој се знае. Египет зад себе оставил долготрајно наследство кој е од големо значење и за Египет и за светот. Египетските архитектура и уметност се широко имитирани, а египетските антиквитети се носени во многу далчни делови од светот. Рушевините од спомениците со векови ги поттикнувале фантазиите на патувачите и писателите. Новопронајдените антиквитети и ископувања во модерното време доведоа до научни истражувања на египетската цивилизација и поголема почит кон културното наследство во Египет и во светот.

До доцниот палеолитски период, и онака сувата клима во Северна Африка станала дополнително сува и топла со што населението од оваа област било приморано да се сконцентрира во Долината по течението на Нил и бидејќи номадските ловџиски племиња почнале да живеат во тој регион на крајот на Средниот Плеистценот пред околу 120 илјади години, Нил станал изворот на живот на Египет.Полноводноста на Нил им дала можност на луѓето да развијат постојано земјоделско стопанство и уште пософистицирано централизирано општество кое стана темел во историјата на човековата цивилизација.[6]

Историја

уреди

Преддинастички период

уреди

Во преддинастиите и ранодинастичките времиња, климата во Египет не била толку сува како денес. Големи предели од Египет биле покриени со савани кои биле населени од големи стада на копитари. Флората и фауната биле многу развиени во сите предели а во нилскиот регион имало голема населеност на водни птици. Ловењето исто така била честа појава кај египќаните, а исто така во овој период многу животни биле припитомени.

До околу 5500 година п.н.е. малите племиња кои живееле во Долината по течението на Нил развиле култура со што покажале дека имаат цврста контрола врз земјоделството и одгледувањето животни. Биле препознатливи по својата грнчарија и лични предмети како што се чешли, нараквици и бројаници. Најголемата од овие култури во Горен Египет, Бадари, била позната по својата висококвалитетна керамика, камени алатки и по нивната употреба на бакарот.

Во Северен Египет племето Бадари било наследено од амратиската и герзианската култура кои покажале голем број на технолошки подобрувања. Од герзианските времиња, постојат докази дека постоел контакт помеѓу брговите Ханаан и Библос. Во Јужен Египет, клтурата Нагуада слична на Бадарите започнала да се шири по текот на Нил до околу 4000 година п.н.е. Во периодот на Нагуада I, преддинастичките египќани увезувале опсидијан(вулканска карпа) од Етиопија и го користеле за оформување сечила и други предмети направени од лушпи. За период од над 1000 години нагуадската култура се развила од неколку мали земјоделски заедници во моќна цивилизација чии водачи имале целосна контрола врз луѓето и ресурсите во Долината по течението на Нил. Со воспоставување на моќен центар во Хиераконополис, а подоцна и во Абидос, водачите на Негуада III ја прошириле својата контрола и по северниот тек на Нил. Тие исто така тргувале со Нубија на југ, со оазите од западните пустини на запад и со културите од источното Средоземје, на исток.

Културата Нагуада произвела разнолика колекција од материјани добра, кои ги покажувале растечките моќ богатство на елитата. Оваа колекција содржела цртана грнчарија, висококвалитетни декоративни камени вазни, козметички палети и накит изработен од злато, камен и слонова коска. Тие исто така развиле керамичка глазура која се користела во римскиот период за декорирање чаши, приврзоци и фигурички. За време на последната преддинастичка фаза, културата Нагуада почнала да користи пишани симболи кои накрајот еволуирале во целосен систем од хиероглифи со кои се пишувал староегипетскиот јазик.

Ранодинастички период

уреди

Главен напис: Ранодинастички период

уреди

Во 3 век п.н.е. египетскиот свештеник Манетон ги групирал сите фараони од времето на Менес па сè до негово време во 30 династии, систем кој и денес се употребува. Тој одбрал да ја започне историјата со кралот по име “Мени” (или на грчки Менес) за кој се сметало дека ги обединил двете кралства- Горен и Долен Египет (околу 3200 година п.н.е.). Староегипетските писатели не наведуваат да мислиме дека танзицицијата која водела до унифицирана држава се случувала побрзо отколку што навистина било така и не постојат никакви записи од времето на Менес. Некои научници сметаат дека митскиот Менес е всушност фараонот Нармер кој на церемонијалната палета Нармер е нацртан со кралска церемонијална облека како симбол на унификацијата.

Во Раниот Династички период, околу 3150 година п.н.е. првиот династички фараони ја зацврстиле својата контрола над Долен Египет со поставувањето на главен град – Мемфис од каде што тие можеле да ја контрлираат работната сила и земјоделството во плодниот регион околу устието на Нил како и профитабилните и суштинските трговски патеки до Левант. Растечките моќ и богатство на фараоните за време на раниот династички период се рефлектираат во нивните гробови и култните статуи Абидос во мртовечниците, кои се користеле за славење и обожување на фараоните по нивната смрт. Силната инстицуција на кралевството која ја развиле фараоните, служела за да се легитимизира државната контрола врз земјата, работната сила и реусрсите кои биле суштински за опстанокот и растот на античката египетска цивилизација.

 
Типичен сад НагуадаII украсен со гезели (Преддинастички Период)

Старо Кралство

уреди

Главен напис:Старо Кралство

 
статуа од алабастер од Менкаура воBoston Museum of Fine Arts

Запрепастувачките достигнувања во архитектурата, уметноста и технологијата биле реализирани за време на Старото Кралство. Биле мотивирани од земјоделската продуктивност и остварени од развиената централна администрација. Под контрола на везирот, државните власти собирале даноци , ги координирале проектите за наводнување за да се зголеми родот на културите, ги распоредувале селаните за работа на градежните проекти и воспоставиле систем на правдата со цел да ги одржат редот и мирот. Со вишокот ресурси, кој бил резултат на продуктивната и стабилна економија, државата била во состојба да ја спонзорира изградбата на огромните споменици и да го финансира производството на исклучителните уметнички дела во кралските работилници . Пирамидите кои биле изградени од страна на Џосер, Куфу и нивните наследници се најзначајните симболи на античката египетска цивилизација и моќта на фараоните.

Заедно со растечката важност на централната администрација се појавила нова класа на образовани писари и службеници на кои им биле доделени недвижнини од страна на фараоните како замена за нивните услуги. Фараоните исто така ин доделувале земја на мртовечниците и локалните храмови за да обезбедат дека овие институции ќе ги имаат потребните ресурси да го возвишуваат фараонот по неговата смрт. Кон крајот на Старото Кралство, петте века од оваа феудална практика полека ја намалиле економската моќ на фараонот кој повеќе не можел да си дозволи да ја поддржува големата централната администрација. Како што се намалувала моќта на фараонот, регионалните водачи наречени номархи почнале да ја предизвикуваат доминацијата на фараонот. Ова, во комбинација со неколку суши помеѓу 2200 година п.н.е. и 2150 година п.н.е. на крајот предизвикало земјата да влезе 140-годишен период на глад и неслога кој е познат како Прв Преоден Период.

 
Слика од Нармер Претставена е унификацијата на двете земји.[7]

Прв преоден период

уреди

Главен напис: Прв преоден период

уреди

Откако се срушила централната управа на Египет, на крајот на Старото Кралство, администрацијата повеќе не можела да ја поддржува ниту стабилизира државната економија. Регионалните водачи не можеле да сметаат на помошта на кралот во кризни времиња. Недостатоците од храна и политичките спорови преминале во глад и мали граѓански војни. Сепак, и покрај овие тешки проблеми , локалните водачи кои воопшто не го почитувале фараонот, ја искористиле својата новонастаната независност за да основаат напредна култура во провинциите. Само што ја презеле контролата врз своите ресурси, провинциите станале економски побогати, факт кој се демонстрира од поголемите и поубавите гробници на сите социјални класи. Во екот на креативноста, занаетчиите од провинциите ги презеле и приспособиле културните мотиви, кои претходно биле наменети само за дворјаните во Старото Кралство. Писарите развиле литературни стилови кои ги изразувале оптимизмот и оригиналноста на периодот.

Ослободени од нивната лојалност кон фараонот, локалните владетели почнале да се борат еден со друг за територијална контрола и политичка моќ. До 2160 година п.н.е. вледетелите во Хераклеополис го контролрале Долен Египет, додека соперничкиот клан стациониран во Теба, семејството Интеф, ја мале контролата врз Горен Египет. Како што растела моќта на семејството Интеф, нивната контрола се проширила на север и судирот помеѓу двете сопернички династии бил неизбежен. Околу 2055 година п.н.е. Тебанските сили предводени од Небхеперте Ментухотеп II конечно ги победија владетелите на Хераклеополис, ги споиле двете земји со што започнал период на економска и културна ренесанса познат како Средното Царство.

Средно Кралство

уреди

Главен напис: Средно Кралство

уреди

Фараонот од Средното Кралство ги вратил стабилноста и просперитетот на земјата, така, се стимулирала уметноста, литературата и изградбата на спомениците. Ментухотеп II и неговите наследници до 11-та динајстија владееле од Теба, но везирот Аменемат I откако го презел водството на почетокот на 12 –тата династија околу 1985 п.н.е. градот Итџтави кој се наоѓал во Фаијум го направил престолнина на државата.Од Итџтави, фараоните од 12-тата династија го започнале враќањето на земјата и составиле систем за наводнување за да се зголеми земјоделското производство во регионот. Во продолжение, војската ја освоила територијата во Нубија, која била богата со каменоломи и златни рудници, а работниците изградиле одбранбена структура, на источното устие, која се викала “Ѕидини на владетелот” за да го брани од надворешни напади.

Со воена и политчка сигурност и огромно земјоделско и минерално богатство, нацијата процевтала во уметнички и религиозен поглед.Спротивно од елитистичкото Старо Кралство, во поглед на боговите, во Средното Кралство дошло до фаза на зголемување на изразувањето на личните религиозни ставови и она што се нарекува демократизција на задгробниот живот според кој сите имаат душа и по смртта се добродојдени во друштвото на боговите.Во литературата, во Средното Кралство можеле да се најдат префинети теми и ликови напишани на веродостоен и елоквентен стил, а релјефот на скулптурите од тоа време покажуваат суптилни, поединечни детали кои ги поставуваат стандардите на техничката совршеностна повисоко ниво.

Последниот владетел на Средното Кралство, Аменемат III им дозволил на азијатите да се населат во устието на Нил за да обезбеди доволно голема работна сила за неговите особено активни рударски дејности и градежни кампањи. Амбициозните рударски и градежни активности, комбинирани со несоодветните поплави на Нил кои се случувале во подоцнежниот период од неговото владеење ја ослабеле економијата и биле една од причините за малото опаѓање на напредокот во Вториот Преоден Период за време на подоцнежното владеење на 13-та и 14-та династија. За време на ова опаѓање азијатските доселеници почнале да ја преземаат контролата врз ѕустието на Нил за на крајот,познати како Хикси, да дојдат на власт во Египет.

Втор преоден период и Хиксите

уреди

Главен напис: Втор преоден период

уреди

Околу 1650 година п.н.е., како што слабеела моќта на фараоните од Средното Кралство, азијатските имигранти кои живееле во источниот дел од устието на Нил, градот Аварис, ја презеле контролата врз регионот и ја присилиле централната управа да се врати во Теба каде што фараоните биле третирани како вазали кои требало да оддаваат почит. Хиксите( “странски владетели”) го имитирале египетскиот модел на владеење и се опишувале како фараони и со тоа египетските елементи и ги припишувале на нивната култура од бронзеното доба.

По нивното повлекување, тебанските кралеви биле заробени помеѓу Хиксите на север и нубиските сојузници на Хиксите, Хушитите, на југ. По близу 100 години неактивност, околу 1555 година п.н.е., тебанските сили собрале доволно сили да стапат во конфликт со Хиксите кој траел повеќе од 30 години. Фараоните Секвенере Тао II и Камосе на крајот биле доволно силни да ги победат Нубијците, наследникот на Камосе, Амосе I, успеал успешно да изведе неколку борби кои перманентно ги искорениле Хиксите од Египет. Во Новото Кралство кое следело, војската станала основен приоритет за фараоните кои сакале да го прошират Египет и да ја обезбедат неговата целосна доминација на блискиот Исток.

Ново Кралство

уреди

Главен напис: Ново Кралство

уреди

Фараоните од новото Кралство донеле период на непречен напредок со тоа што ги обезбедиле границите и ги зајакнале дипломатските врски со нивните соседи.воените походи кои биле изведувани во времето на фараонот Тутмос I и неговиот внук Тутмос III го прошириле египетското влијание во Сирија и Нубија со што ја зајакнале лојалноста и отвориле пристап до занчајните зделки за увоз на бронза и дрво. Фараноните од Новото Кралство започнале големи градежни активности за да го пропагираат богот Амон за кој почнал да расте нов култ кој се основал во Карнак. Тие исто така изградиле споменици за да ги слават своите замислени и остварени достигнувања. Жената-фараон Хаштепсут ја користела оваа пропаганда за да го легитимизира своето стапување на власт. Нејзиното успешно владеење било обележано со успешната трговија со Пунт, со изградбата на елегантниот посмртен храм, со огромните Обелисци и капелата во Карнак. И покрај нејзините достиднувања, Тутмос III, нејзиниот внук-посинок, на крајот на своето владеење, се обидувал да го уништи она што таа го создала со цел да го узурпира својот престол.

Околу 1350 година п.н.е, стабилноста на Новото Кралство била под закан кога АменотепI го наследил престолот и спровел неколку хаотични реформи. Со тоа што го сменил своето име во Ехнатон, тој го возвишил веќе избледениот бог Атен и го претворил во врховно божество, со што го задушил славењето на други божества и ја напднал моќта на свештенството. Со пренесувањето на престолнината ви новиот град Амарна тој ја занемарил надворешната политика и сосема им се предал на својата нова религија и уметност. По неговата смрт култот кон Атен бил брзо заборавен, а наредните фараони Тутанкамон, Ај и Хорус ги избришале сите сеќавања за Перидот Амарна.

Околу 1279 година п.н.е., Рамзес II, познат и како Рамзес Велики, го наследил престолот, и започнал со изградба на уште повеќе храмови, подигнал нови статуи и Обелисци и бил татко на повеќе деца отколку кој било фарaон во историјата. Рамзес II бил храбар војсководец и ја предводел својата војска во Битката кај Кадис и откако се нашол во ќорсокак, тој конечно се согласил на првиот пишан мировен договор околу 1258 година п.н.е. Египетското богатство направиоло од Египет цел за освојување, особено за Либијците и прекуморските народи. На почетокот, војската имала сили да ги спречува овие инвазии, но на крајот Египет ја изгубил контролата врз Сирија и Палестина. Влијанието од надворешните договори се зголемило и влошило поради внатрешните проблеми како што биле корупцијата, ограбувањето на гробови и граѓанската непослушност. Врховните свештеници во храмот посветен на Амон во Теба се здобиле со огромно предели земја и богатство, а нивната растечка моќ ја расцепила државата за време на Третиот преоден период. Околу 730 година п.н.е. Либијците од западот ја уништиле политичката обединетост на земјата.

 
карта на Египет од околу 730 година п.н.е.Доаѓањето на либијците од запад, го уништило политичкото единство на земјите.

Трет преоден оериод

уреди

Главен напис: Трет преоден период

уреди

По смртта на Рамзес XI во 1078 година п.н.е. Смесенс ја презел власта во северниот дел на Египет, и владеел со седиште во градот Танис. Југот успешно го контролирале, од Теба, Високите свештеници на Амон кои го призналвале само името на Смеденс. За ова време, Либијците се населувале во западното устие, а главатарите на овие доселеници почнале да ја зголемуваат својта автономија. Либијската принцеза, во времето на Шошенг I во 945 година п.н.е. ја презела контролата врз устието на Нил и со со тоа била основана таканаречената либијска или Бубаститска династија која владеела наредните 200 години. Шошенг исто така ја презел контролата и врз јужен Египет со тоа што ги поставил членовите на неговото семејство на многу важни позиции. Со појавувањето на соперничката династија во устието на Нил која настанала во Леонтополис и Хушитите кои се заканувале од југ , либијската контрола започнала да се намалува. Околу 727 година п.н.е. кралот на Хушитите, Пије, нападнал од север со што ја презел контролата во Теба и на крајот во устието на Нил.

Египетската доминација значително се намалила кон крајот на Третиот Преоден период. Неговите странски сојузници потпаднале под влијание на асирците и до 700 година п.н.е. војната помеѓу двете земји станала неизбежна. Помеѓу 671 и 667 година п.н.е. асирците го започнале својот напад врз Египет. Кралот на Хушитите, Тахарква, и неговиот наследник , Танутамон, за време на своето владеење постојано биле во конфликт со асирците кои неколкупати биле поразени од страна на нубијците. На крајот, асирците ги избркале Хушитите назад во Нубија, го окупирале Мемфис и ги заплениле храмовите во Теба.

Доцен период

уреди

Главен напис: Доцен период

уреди

Асирците, кои немале постојани планови за понатамошно освојуње, поставиле вазали да го контролираат Египет, а тие вазали подоцна станале познати како Саите кралеви на Дваесет и шестата династија. До 653 година п.н.е. Саите кралот Псамтик I успеал да ги отстрани асирците со помош на грчките платеници кои биле најмени да ја формираат првата египетска морнарица. Грчкото влијание се проширило во Египет, особено откако градот Наукратис станал дом на грците во устието на Нил. Саите кралевите кои бле сместени во новиот главен град Саис биле сведоци на краткото живнување на економијата и културата, но во 525 година п.н.е. моќните персијци, предводени од Камбис II, го започнале своето освојување на Египет кое завршило со заробувањето на кралот Псамтик III во Битката кај Пелусиум( град во источен Египет). Камбис III тогаш официјално ја презел ттитулата фараон, но владеел од неговиот дом во Суза, а Египет го оставил под контрола на сатрапија. Петтиот век п.н.е. го обележале неколку успешни востанија против персијците, но Египет сепак не бил во можност перманентно да се ослободи од власта на персијците.

По припојувањето кон Персија, Египет бил здружен со Кипар и Феникија во шестата сатрапија на Персиската Империја. Овој прв период на персиското владеење со Египет е познато како Дваесет и седмата династија која завршила во 402 година п.н.е. и од 380 г. до 343 година п.н.е. Триесеттата династија владеела како последно домородно кралско семејство во династички Египет, која завршла со владеењето на кралот Нектанеб II. Во 343 година п.н.е. започнало кратко враќење на персиската власт кое понекогаш се нарекува Триесет и првата династија, но за кратко време, во 332 година п.н.е. персискот владетел Мазакец без борба му го предал Египет на Александар Велики.

Птоломејска династија

уреди

Главен напис : Историјата на птолмејски Египет и Птоломејска династија

уреди

Во 332 госина п.н.е. Александар Велики го освоил Египет со многу мал отпор од страна на персијците и бил добредојден кај египќаните кои го сметале за ослободител. Администрацијата која ја поставиле наследниците на Александар, птоломејците, се засновала врз египетскиот модел и се наоѓала во новиот главен град Александрија. Градот бил излог на моќта и престижот на грчкото владеење и станал седиште на учењето и културата кои биле сконцентрирани во славната библиотека во Александрија. Светилникот во Александрија го осветлувал патот за многу бродови со кои градот тргувал откако птоломејците ги поставиле за приоритет трговијата и претпријатијата за производство на папирус.

Грчката култура не ја потиснала египетската култура, бидејќи птоломејците ги поддржувале долготрајните традиции со цеј да стекнат лојалност и популарност. Тие граделе нови храмови во египетски стил ги поддржувале традиционалните култови и самите се портретирале како фараони. Некои традиции дури и се споиле бидејќи грчките и египетските богови се обединиле во заеднички божества како што е Серапис и класичните грчки форми на скулптури украсени со египетски мотиви. Птоломејците се соочиле со народни востанија и покрај нивните напори а ги стивнат египќаните. Востанијата ги иницирале семејни соперници и моќната народна маса во Александрија која се создала по смртта на Птолемеј IV. Во продолжение, бидејќи Рим сè повеќе се потпирал на увозот на жито од Египет, римјаните почнали мноу да се интересираат за политиката во Египет. Постојаните египетски востанија, амбициозните политичари и моќните сиријски противници ја дестабилизирале земјата, и како резултат на тоа Рим испратил сили да ја спасат земјата као провинција на Римското Царство.

 
The Портретите на мумијата Фајум го претставуваат ипреплетувањето на римската и египетската култура.

Римска власт

уреди

Главен напис: Историјата на римски Египет

уреди

Портретите на мумијата Фајум го претставуваат преплетувањето на римската и египетската култура

Египет станал провинција на Римското Царство во 30 година п.н.е. по поразот на Марко Антониј и Птоломејската кралица Клеопатра VII од страна на Октавијан (подоцна Императорот Август) во Битката кај Акциум. Римјаните се потпирале на испораките со жито од Египет, и римската армија под контрола на префект назначен од императорот ,задушувала востанија, строго го зголемила собирањето на даноци и ги спречувала нападите од бандити , што во тоа време претставувало озлогласен проблем. Александрија станал многу важен центар на трговијата со ориентот бидејќи егзотичните луксузни предмети имале висока побарувачка во Рим.

Иако римјаните биле понепријателски настроени кон египќаните отколку грците, некои традиции како што се мумификацијата и славењето на традиционалните продолжиле. Напреднала уметноста на украсувањето на мумиите и некои од римските цареви биле насликани како фараони но не до степенот до кој тоа го правеле Птоломејците. Римјаните живееле надвор од Египет и не ја вршеле церемонијалната кралска функција. Локалната администрација станала во римски стил и се приближила до домородните египќани.

Од средината на првиот век , христијанството се појавило и во Александрија и на него се гледало како на уште еден култ кој може да се прифати. Како и да е, тоа всушност била бескомпромисна религија чија цел била да ги преобрати луѓето од паганство и претставувала закана за популарните религиски традиции. Како резултат на ова било масовното преобратување во христијанство, кое кулминирало со големото “чистење” на Диоклецијан кое започнало во 303 година, и на крајот победило христијанството. Во 391 година императорот Теодосиј го вовел законодавството со кое биле забранети приватните пагански обреди и ги затворил храмовите. Александриа станала центар на големи анти- пагански беснеења, а со тоа се уништиле и приватните религиски погледи. Како последица на ова гипетската паганска култура постојано опаѓала. Додека домородното население продолжувало да го зборува својот јазик, способноста за читање на хиероглифското писмо полека исчезнувала поради исчезнувањето на улогата на египетските свештеници и свештенички. Храмовите сами по себе понекогаш биле преобратувани во цркви или биле напуштани.

Управа и стопанство

уреди

Администрација и трговија

уреди

Фараонот бил апсолутен владетел на земјата и, барем во теорија, имал целосна контрола врз земјата и нејзините ресурси. Кралот бил врховен воен командант и глава на владата, тој во вршењето на својата работа се потпирал на бирократијата која ја спроведуведувале службеници. На чело на администрацијата бил везирот кој се однесувал како претставник на кралот и ја коррдинирал контролата врз земјата, богатството, градежните проекти, правниот систем и архивите. На регионално ниво земјата била поделена на 42 административни региони кои се нарекувале номи и секоја од нив ила водена од страна на номарх, кој бил одговорен пред везирот за своето владеење. Храмовите биле ’рбетот на економијата. Не само што билеместа за славење на боговите, туку во нив се складирало богатството на нацијата во систем од амбари и сефови со кои управувал надгледувач кој дистрибуирал жито и стоки.

Голем дел од економијата бил централно организиран и строго контролиран. Иако старите Египќани не користеле ковани пари до Доцниот период, тие користеле систем за пари-трампа, со тоа што стандардни вреќи со жито и парички вределе исто колку отприлика 91 грам бакар или сребро. На работниците им се плаќало со жито. Еден работник можел да заработи пет и половина вреќи или 200 килограми жито месечно, додека надзорниците можеле да заработат 7 и половина вреќи или 250 килограми. Цените биле исти низ целата земја и биле напишани на листи за да ја олеснат трговијата. На пример, кошула чинела пет бакарни парички, една крава чинела 140 парички. Житото можело да се менува за други стоки во согласност со фиксната список на цени. За време на 5 век п.н.е. ,од странство, кованите пари се вовеле во Египет.Прво монетите повеќе се користеле како стандардизирани парчиња од драгоцен метал отколку како вистински пари, но во идните векови меѓународните трговци целосно се потпирале на кованите пари.

Општествен статус

уреди

Египетското општество било многу стратифицирано и социјалниот статус експлицитно се покажувал. Најголемиот дел од населението го претставувале земјоделците, но земјоделските производи директно ги поседувала државата, храмовите или благородните семејства кои ја поседувале земјата која земјоделците ја обработувале. Земјоделците исто така плаќале и данок за труд и од нив се барало да работат на проекти за наводнување и градежништво во корве систем. Уметниците и занаетчиите имале повисок статус од земјоделците, но и тие биле под државна контрола инработеле во продавници кои билеприлепени до храмовите и им се плаќало директно од државното богатство. Писарите и службените лица ја претставувале погорната класа во стар Египет, тн. класа на белите килтови што се однесувало на избелените парчиња облека која служела као показател за нивниот ранг. Погорната класа експлицитно го покажувала својот социјален статус во поглед на уметноста и литературата. Под благородништвото биле свештениците, лекарите и инжениерите со специјална обука во тоа поле.Исто така во Египет имало и робови но нивниот број како и колку биле кристени не е познато.

Старите Египќани ги гледале мите и жените како и сите луѓе од сите социјали класи, освен робовите, како еднакви пред законот и дури и најсиромашните селани имале право на жалба кај везирот и неговиот суд добивале оштета. Мажите како и жените имале право да поседуваат и продаваат имот, да склучуваат договори, да стапуват во брак и да се разведуваат, да примаат наследство и да водат спорови на суд. Венчаните двојки можеле да поседуваат имот заеднички и да го заштитат својот имот во случај на развој со склучување на брачни договори со кои се одредувале финансиските обврски на мажот кон жената и децата при разведувањето на бракот. Во споредба со жените во Грција, Рим и други помодерни земји, египетските жени имале повеќе избор и можности за да остваруваат достигнувања. Жените како Хаштепсут и Клеопатра дури станале и фараони, додека другите имеле моќ во својство на божествените сопруги на Амон. Жените во Стар Египет, и покрај сите права и слободи, ретко се вклучувале во официјалните работи и администрацијата, тие имале второстепени улоги во храмовите и не биле токлу образовани колку мажите. Исто така погледнете го историскиот напис на BBC за повеќе информации за родовата еднаквост во Стар Египет.

 
.Писарите ја претставувале елитата и биле добро образовани. Тие ги оценувале задачите, воделе евиденција и биле одговорни за администрацијата.

Правен систем

уреди

Официјално, на чело на правниот систем бил фараонот кој бил одговорен за спроведувањето на законите и остварувањето на правдата и за одржувањето на редот и мирот, тоа бил концепт кој египќаните го нарекувале Ма’ат. Иако нема пишани закони од стар Египет, некои документи покажуваат дека египетското право се засновало на здарв разум и поглед на тоа што е правилно, а што погрешно кој претпочита доаѓање до спогодби и решавање на конфликти наместо строго држење до коплицирана постава на правила. Локалните совети на старешини познати како Кнебет во Новото кралство биле одговорни за водење на судските случаи кои вклучувале и мали тужби и спорови. Посериозните случаи кои вклучувале убиства, големи земјишни трансакции и грабежи биле пренесувани кај Великиот Кенбет, над кого биле везирот и фараонот. Тужителите и тужените требало сами да се претставуваат и при тоа да се заколнат дека ќе ја кажуваат вистината. Во некои случаи, државата ја преземала улогата на обвинител и судија, и смеела да го измачува тужениот со тепање со цел да добие признание и да и ги добие имињата на соучесниците. Без разлика на тоа дали обвиненијата биле сериозни или не, судските писари ги документирале жалбите, признанијата и пресудите за понатамошна употреба.

Казаната за помалите прекршок можела да биде или пари, тепање, сакатење на лицето или протерување во зависност од тежината на прекршокот. Сериозните кривични дела како убиство и вооружен грабеж се казнувале со погубување кое подразбирало обезглавување, давење или набивање на криминалецот на колец. Казните исто така можеле да се спроведат и врз членовите на семејството на сторителот. Со почеток во Новото Кралство, пророштвата играле важна улога во правниот систем на Египет, со помош на пророштвата се решавале и граѓанските и крвичните случаи. Постапката била да се праша богот прашање на кое се одговара со да или не кое што е во врка со случајот кој се разгледува. Богот, кого го претставувале голем број свештеници ја кажувал својата пресуда со одбирање на едното или другото што го покажувал преку движење на свештениците напред или назад или со покажување кон еден од одговорите напишани на папирус.

Земјоделство

уреди
 
на гробот се претставени работници кои ги работат полињата, ги жнеат културите, и го распределуваат житото по наредба на надзорник.

Комбинацијата од поволни географски услови придонела кон успехот на страите египетска култура. Најважниот од овие услови била богатата и плодна почва која била резултат на годишните излива на реката Нил. Така Старите Египќани можеле да произведуваат огромни количини на храна, со што на населените му останувало повеќе време и средства за да се посвети на културата, технологијата и уметноста. Управувањето со земјата било од суштинско значење, бидејќи даноците биле одредувани врз основа на земјата која личноста ја поседувала.

Животни

уреди

Египќаните верувале дека урамнотежената врска помеѓу луѓето и животните е суштински елемент за вселенскиот ред. Така луѓето, животните и растенијата се сметале за членови на една целина. Животните, и домашните и дивите, исто така биле важен исзвор на духовност, придружба и стабилност за Старите Египќани добитокот бил најценетата стока. Администрацијата собирала данок за стока со вршење на редовни пописи , а големината на стадото ги покажувала престижот и важноста на имотот или храмот кој го поседувал. Освен добитокот старите Египќани чувале овци, кози и свињи. Чувале и живина како што се шатки, гуски и гулаби кои биле заробени во мрежи на фарми каде биле хранети со сила со цел да ги здебелат. Нил обезбедувал гилемо количество на риба. Пчелите исто така биле припитомени од времето на Старото кралство и од нив се добивало мед и восок.

Старите Египќани користеле магариња и говеда за носење на товарот, со нив исто така ги работеле полињата и ги саделе семињата во почвата. Колењето на дебелите говеда бил исто така значаен ритуал. Коњите ги донеле Хиксите во Вториот Преоден период, а камилите, иако биле познати во Новото кралство, сè уште не се користеле за носење на товар сè до Доцниот период. Исто така постојат докази според кои слоновите биле припитомени во Доцниот период, но голем дел ја напуштиле територијата поради недостатокот на тревно земјиште. Кучињата, мачките и мајмуните биле чести домашни миленичиња, додека поегзотичните миленичиња биле донесени од Африка, на пример лавовите кои биле резервирани за кралските семејства. Херодот заклучил дека египќаните се единствените луѓе кои ги чувале своите животни дома. За време на Преддинастичкиот период и Доцниот период , славењето на боговите во нивната животинска форма било многу популарно, вакви богови биле божицата –мачка Бастет и богот-Ибис Тот. Поради оваа причина овие животни биле одгледувани на многу фарми за ритуално жртвување.

Природни ресурси

уреди

Египет бил богат со градежен и декоративен камен, бакар , руда, злато и полудраги камења. Овие природни ресурси им овозможувале на египќаните да градат споменици, скулптури, да прават алати и модерен накит. Балсамерите користеле сол од Вади Натурн (што занчи “Долината”) за мумификација, која исто така се користела и за добивање гипс од кој се правело малтер. Минералните карпи се наоѓале во далечните и тешкопристапните суводолици во источната пустина и Синај и нивното наоѓање биле потрбни експедиции контролирани од државата со цел да се добијат природните ресурси кои биле сместени таму. Ова биле големи златни рудници во Нубија и една од првите мапи за кои се знае е за златниот рудник во овој регион. Вади Хамамат ( што значи “Долина на многу бањи”) бил значаен извор на гранит greywacke и злато. Кременот бил првиот минерал кој почнал да себира и се користел за правење алати, а кременски секири се првите докази за населеност во Долината по течението на Нил. Чепчињата на минералите биле внимателно обработувани за правење на сечилата на стрелите со умерена цврстина и трајност дури и откако бакарот се вовел за оваа цел.

Египќаните правеле залихи од водечката руда галенит кај Гебел росас(локација на која имало галенит) за правење на риболовни оловца, висулци кој се употребувале во градежништвото и мали фигури. Бакарот бил најважниот метал за правење на алати во стар Египет и бил топен во печки направени од малахит изваден од рудник во Синај. Работниците го собирале слатото со тоа што ги миеле грутките од седиментите на алувијалните талози или со поинтензивна работа односно со брусење и миење на кварцит кој содржел злато. Резервите од железо кои се пронајдени во горен Египет се користеле во доцниот период. Висококвалитетните градежни камења во Египет ги имало во изобилство. Старите Египќани ископувале варовник по низ целата долина на Нил, гранит од Асуан и базалт и песок од деловите на источната пустина. Резервите од декоративни камења како порфир, сив камен, алабастер и црвени кристали се собирале од источната пустина дури и пред Првата династија. Во птолемејскиот и Романскиот период рударите собирале резерви на смарагди во Вади Сикаит(што значи “Камена Долина”) и аметист во Вади Ел Нуди.

Јазик

уреди

Египетскиот јазик е северен афроазиски јазик кој е тесно поврзан со берберскиот и семитскиот јазик. Тој е втор јазик со најдолга историја( по сумерскиот), се пишувал од 3200 година п.н.е. до средниот век , а бил зборуван уште подолго. Фазите на страиот египетски јазик се стар египетски, среден египетски (класичен египетски), доцен египетски , демотски и коптски. Египетските записи не покажуваат разлики во дијалектот пред коптскиот јазик но најверојатно тој се зборувал во регионалните дијалекти околу Мемфис, а подоцна и Теба.

Страиот египетски јазик бил синтетички јазик, но подоцна станал поаналитички.Доцниот Египет развил и претставки и определени и неоределени членови кои ги замениле дргугите инфлексни наставки. Ова било промена од постарата формула *глагол субјект објект* во "субјект глагол објект". Египетските хиероглифи, хиератски и демотски записи, на крајот биле заменети со коптската азбука која била повеќе фонетска. Коптскиот сè уште се користи за време на литургиите во египетските православни цркви, а негови траги се најдени и во модерниот египетско-арапски јазик.

Звуци и граматика

уреди

Старите Египќани имале 25 согласки слични на оние во другите афроазиски јазици. Тие вклучувале грлени и нагласени согласки, гласни и неми паузи, неми фрикативи и нагласени и неми африкати. Има три долги и три кратки самогласки чиј број во доцниот египетски јазик бил девет.Основната јазична конструкција во египетскиот јазик, слично како и во семитскиот и берберскиот, е составена од три букви или корен од две букви составен од согласки или полусогласки. Наставките се додавале за да се оформат глаголи. Глаголските сложенки одговарале на лицето. На промер, конструкцијата составена од три самогласки S- Ḏ -M е семантичкото јадро на зборот“ слуша“, неговата основна слиженка е „тој слуша“. Ако субјектот е именка, не му се додаваат наставки на глаголот: sḏm ḥmt „ жената слуша“.

Придавките се изведувале од именки преку процес кој египтолозите го нарекуваа нисбација поради неговата сличност со арапскиот јазик. Збороредот е следниот, ПРЕДИКАТ-СУБЈЕКТ во глаголски и придавни реченици и СУБЈЕКТ-ПРЕДИКАТ во номинални и прилошки реченици. Субјектот може да се помести од почетокот на реченицата, доколку таа е долга и по неа следи продолжен изговор. Именките и глаголите се негирале о партикулата „n“, но „nn“ се користи прилошки и придавни реченици. Акцентот паѓа на последниот и претпоследниот слог кои можат да бидат отворени( cv) или затворени (cvc).

Култура

уреди

Секојдневен живот

уреди

Старите Египќани одржувале богато културно наследство заедно со фестивали и веселби надополнети со музика и танц.

Повеќето од старите Египќани биле земјоделци посветени на полињата. Во нивните живеалишта живееле најблиските членови од нивните семејства, и биле изградени од цигли направени до кал и изработени на начин кој ги оджрувал студени дури и во најжешките период од денот. Секој дом имал кујна со отворен покрив, и таа содржела мелнички камен за мелење брашно и мала рерна за печење леб. Ѕидовите биле обоени со бела боја, и можело да се покриваат со обоени таписерии. Подовите биле покриени со црвени простирки, а мебелот го сочинувале дрвени столови и кревети кои излегувале од подот како и поединечни маси.

Старите Египќани им посветувале големо внимание на хигиената и изгледот. Повеќето од нив се капеле во Нил и користеле сапун како паста направен од животинско сало и креда. Мажите го бричеле цело тело за да бидат почисти користеле парфеми и помади за да ги покријат лошите миризби и да ја релаксираат кожата. Облеката била направено од едноставна ткаенина која била избелувана а, мажите како и жените кои биле од погорните класи носеле перики, накит и користеле козметика. Децата до периодот на зрелост, кој бил околу 12-тата година, не носеле облека, а на оваа возраст машките биле обрежувани и им ги бричеле главите. Мајките биле одговорни за грижа околу децата, а татковците обезбедувале приход за семејствата.

Музиката и танцот биле популарни начини за забавување за оние кои моеле да си ги дозволат. Првите инструменти биле харфа и флејта, ансструментите како труба, обоа и гајда се развиле подоцна и станале доста популарни. Во Новото Кралство, египќаните свиреле на ѕвончиња, чинели, дајриња и тапани и лири и мандолини увезени од Азија. Систрумот бил ѕвечковиден инструмент кој бил особено битен во религиските церемонии.

Старите Египќани уживале и во многу релаксирачки активности како игри и музика. Сенетот , игра која се играла на табла каде што фигурите се мрдале во согласност со случајна шанса, бил особено популарен уште од најстари времиња. Друга слична игра била мехен, со која се игала на кружна табла. Жонглирањето и и игрите со топка биле популарни кај дцта, а борењето е исто така забележано во гробница кај Бени Хасан. Богатите членови на египетскиото општество уживале во ловот како и во едрењето.

Ископувањата во селото во кое живееле работници, Деир ел Мадина, покажале еден од најтемелно документираните докази за животот во древниот свет кој трале скоро четири илјади години. Нема друго место на кое може подобро да се проучуваат организацијата, општествената комуникација и условите за живот и работа.

Религиски верувања

уреди

Главен напис: Религијата во Стар Египет

уреди
 
The Книгата на мртвите.била водач во патувањето на починатите кон задргробниот живот

Верувањата во божествата и во задгробниот живот биле искоренети од египетската цивилизација. Владеењето на фараонот се засновало врз божественото право на кралот. Египетскиот Пантенон бил популаризиран од богови кои имале натприродни моќи и биле барани за помош или заштита. Како и да е боговите не секогаш биле доживувани како љубезни, а египќаните дека едниствениот начин да најдат мир бил да се молат и да им нудат жтрви на нивните богови. Структурата на Пантенонот постапно се сменила со воведувањето на новите божества во хиерархијата, но свештениците не направиле никакви напори да ги организираат разликите и понекогаш митовите и приказните доаѓале во конфликт. Овие различни концепти на божества не се сметале како контрадикторни туку како словеи во на многуте аспекти на реалноста.

Статуата на Ка обезбедила место каде можела истата да се слави. Боговите биле славени во култни храмови кои ги воделе свештеници кои делувале во име на кралот. Во центарот на храмот била култната статуа поставена на специјална основа. Храмовите не биле место за јавно славење или собири, и само на одбрани денови за слава специјалната основа на која била поставена статуата на богот се изнесувала надвор за јавно славење. Вообичаено, чуварот на богот не е појавувал во надворешниот свет и им бил достапен само на овластените службеници. Обичните граѓани можеле да ги слават нивните статуи во нивните домови, а им се нуделе и амјлии кои требало да ги шитат од силите на хаосот. По Новото Кралство, улогата на фараонот да биде духовен посредник била променета откако религиските обичаи преминале во директно славење на боговите. Како последица од тоа свештениците развиле систем од пророштва со помош на кои на граѓаните директно им ја кажувале волјата на боговите.

Египќаните верувале дека секој човек е составен од физички и психички делови или аспекти. Освен тело секој човек имал и šwt - сенка, ba-душа или личност, ka-животна сила и име. Срцето, повеќе отколку мозокот, се сметало за седиште на мислите и чувствата. По смртта духовните аспекти излегувале од телото и можеле да се движат, но барале тело или статута како постојан дом. Крајната цел на починатите била повторно да се соединат со нивното ka и ba и да станат благословени и да продожат да живеат како akh или „делотворниот“. За да се случи ова на починатите требало да им се суди при што нивното срце го мерел „таткото на правдата“. Ако заслужил, починатиот можел да продолжи со своето постоење во духовна форма.

Во гробовите на фараоните имало огромно количество на богатство, како златни маски од мумијата на Тутанкамон

Обичаи на закопување

уреди

Главен напис: погребни обичаи во Стар Египет

уреди

Старите Египќани одржувале една целост од погребни обичаи за кои сметале дека се неопходни за да се обезбеди бесмртност по смртта. Овие обичаи вклучувале и зачувување на телото преку мумификација, изведување на погребни церемонии и закопување на разни предмети, заедно со телото, за кои се сметало дека ќе му бидат потребни на покојникот во неговиот задгробен живот. Пред Старото Кралство телата закопувани во пустината биле природно зачувувани преку дехидратација. Сувите пустински услови, низ историјата биле од голема корист при погребувањето на сиромашните кои не можеле да си дозволат церемонијални погреби како богатите. Побогатите египќани започнале да ги закопуваат нивните покојни во камени гробови и како последица од тоа тие ја искористиле вештачката мумификација која подразбирала вадење на внатрешните органи, замотување на телото во платно и закопување на истото во правоаголен дрвен сандак. Со почетокот на Четвртата Династија, некои делови се зачувувале одделно во балдахински тегли.

До почетокот на Старото Кралство египќаните веќе ја имале усовршено техниката на мумифицирањето. Најдобрата техника траела 70 дена и подразбирала отстранување на внатрешните органи, вадење на мозокот преку носот и ставање на телото во смеса од соли наречена натрон. Телото тогаш се обвиткувало во платно со амајлии за заштита кои се ставале помеѓу слоевите во украсен антропоиден сандак. Мумиите во доцниот период исто така биле ставани во нацртани сандаци за мумии. Практиката а зачувување опаднала за време на птолемејскиот и романскиот период, кога поголемо значење му се посветувало на надворешниот изглед на мумијата која што се декорирала.

Богатите египќани погребувани големи количини на лукзузни предмети, но сите погреби без разлика на социјалниот статус вклучувале богатство за покојниците. Почнувајќи од Новото Кралство, книгите за мртвите се ставале во гробовите заедно со статуата Шабди за која се верувало дека врши рачни работи за покојникот во задгробниот живот. Ритуалите во кои покојните биле магично реанимирани, биле придружни елементи на погребите. По закопот, живите роднини требало од време на време да носат храна на гробот и да кажуваат молитви во име на починатиот.

Војска

уреди

Главен напис: воена историја на стар Египет

уреди

Војската во стар Египет била одговорна за подготвување на Египет за инвазиски напади и за одржување на египетската доминација во Средниот Исток. Војската ги заштитувала рударските експедиции во Синај за време на Старото Кралство и се борела во граѓанските војни во Првиот и Вториот меѓувремен период. Војската исто така била задолена и за одржување на тврдините за време на важните трговски размени како оние кои се случувале во градот Бухен на патот кон Нубија. Тврдините биле изградени за да служат како воени бази како што е тврдината кај Силе( значи пазар), која била база за операции за експедиции во Левант. Во Новото Кралство, неколку фараони ја користеле египетската армија за да го нападнат и освојат Куш и делови од Левант.

Типичната воена опрема вклучувала лакови и стрели, копја и кружни штитови направени од животинска кожа истегната на дрвена рамка. Во Новото Кралство, војската започнала да користи воени коли кои биле претходно воведени од страна на хикоските напаѓачи. Оружјето и оклопите продолиле да се подобруваат откако бронзата почнала да се употребува. Штитовите тогаш се правеле од тврдо дрво помешано со бронза, копјата имале бронзен врв, а зилотот бил воведен од страна на азиските војници. Фараонот, во уметноста и литературата обично го претставувале како јава на чело на армијата, а има има докази дека најмалку наколку фараони како СеквенереII Тао и неговите синови навистина и го правеле тоа. Ојниците ги регрутирале од општото население, но за време и особено по Новото Кралство платеници од Нубија, Куш и Либија биле најмени да се борат за Египет.

Наводи

уреди
  1. „Chronology“. Digital Egypt for Universities, University College London. Архивирано од изворникот 2008-03-16. Посетено на 25 March 2008.
  2. Додсон (2004) стр. 46
  3. Clayton (1994) p. 217
  4. James (2005) p. 8
  5. Manuelian (1998) pp. 6–7
  6. James (2005) p. 84
  7. Robins (1997) p. 32