Старина Новак и Дели-Радивој

Старина Новак и дели-Радивој (српски: Старина Новак и дели-Радивоје) е српска епска (ајдучка) песна.

Содржина уреди

На планината Романија, Старина Новак пиел вино со брат му дели-Радивој, со синовите Груица и Татомир и со уште триесет ајдуци. Тогаш, Радивој му соопштил на Новак дека ајдуците ќе го напуштат, зашто е остарен и повеќе не е способен за ајдуштвото. Така, Новак останал само со своите двајца малолетни сина. Кога заминал во акција, дели-Радивој имал лоша среќа, налетувајќи на Арапот Мехмед со неговите триесет делии. Тие ги убиле ајдуците, а дели-Радивој го заробиле. Одејќи низ планината, дели-Радивој почнал да пее на цел глас една метафорична песна, кажувајќи дека поминуваат луѓе со богатство, а дека тој е заробен. Него го слушнал детето Груица, кој веднаш го известил Новак и тројцата поставиле заседа, чекајќи го Мехмед. Потоа, Новак го убил Мехмед, му ја зел сабјата и заедно со своите два сина ги убил сите триесет делии, ослободувајќи го дели-Радивој и земајќи го богатството. Тогаш, Новак го прашал својот брат, дали се подобри триесетте ајдуци или стариот Новак, а дели-Радивој одговорил дека ајдуците биле подобри, но ја немале среќата на Новак.[1] [2] [3]

Осврт кон песната уреди

Песната прв ја запишал Вук Караџиќ, кој ја слушнал од Марко Немањиќ.[4] Според народната песна, дели Радивој му бил брат или побратим на Старина Новак, но не е познато дали навистина постоел, исто како ни другите ликови од оваа песна, дели Татомир и малиот Груица, синот на Старина Новак.[5]

Наводи уреди

  1. Junačke narodne pesme. Beograd: Rad, 1959, стр. 105-108.
  2. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 9-13.
  3. Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 316-319.
  4. В.Ђ., „Поговор - О певачима“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 490.
  5. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 147.