Стар Швајцарски Сојуз

Стар Швајцарски Сојуз или Швајцарски Сојуз (современ германски : Alte Eidgenossenschaft) — лабав сојуз на независни мали држави (кантони, германски Orte или Stände [6]) на почетокот во рамките на Светото Римско Царство. Таа е претходник на денешната држава Швајцарија.

Стар Швајцарска Сојуз
Corpus helveticum  (германски)[1]
Corps helvétique  (француски)[2]
Corpo helvetico  (италијански)[3]
Confoederatio helvetica  (латински)[3]
Знаме
Местоположба на Швајцарски Сојуз
Главен градNone[4]
Службен јазик германски[5]
Демоним Швајцарец
Уредување Сојуз
Законодавство Тагзацунг
Валута Околу 75 различни месни валути, меѓу кои базелски талер, бернски талер, итн.
Дел од темата Швајцарија

Историја на Швајцарија

Античка историја

Рана историја
Римска империја

Среден век

Стар Швајцарски Сојуз
Реформација
Хелветска Република

Модерна Швајцарија

Прва светска војна
Втората светска војна
Швајцарија

Портал:Швајцарија

Создадена е во 1291 година со склучување на сојуз меѓу три независни швајцарски кантони (Швиц, Ури и Нидвалден) за заедничка борба против Хабсбурговците. Укината е во 1798 година по француската окупација и заменета со Хелветската Република.

Историја уреди

 
Територијално проширување на Стариот Швајцарски Сојуз, 1291–1797 година

Основање уреди

По приклучувањето на Швајцарија кон Светото Римско Царство, одредени градови станале исклучително важни поради трговските врски меѓу Германија и Италија. Особено значајни биле градовите покрај трговскиот пат: Швиц, Ури и Нидвалден. Овие кантони се стекнале со статус на слободни царски територии (Ури во 1231 година и Нидвалден во 1240 г.) и на така станале целосно независни. Сепак, Хабсбурговците кои станале најмоќна династија во Европа и се стремеле да ги контролираат планинските премини. Прв на удар се нашол Швиц. Чувствувајќи се загрозени, во 1273 година трите кантони го склучиле првиот (привремен) договор за заедничка одбрана од Хабсбурговците. На 1 септември 1291 година бил склучен Вечниот сојуз со цел заедничка одбрана. Со ова се создал Швајцарскиот Сојуз. Од 1889 година, Федералната повелба од 1291 година потпишан од руралните комуни Ури, Швиц и Унтервалден се смета за основачки документ на сојузот.[7]

Проширување уреди

Кон пактот беше се приклучиле и градовите Луцерн, Цирих и Берн. Во неколку битки со хабсбуршките војски, Швајцарците извојувале победија; успеале да ги освоат руралните области Гларус и Цуг, кои станале членови на сојузот.[7]

Швајцарците потоа тргнувале во офанзива против Хабсбурговците; тие ги напаѓале нивните територии и освојувале градови. Обидот на Хабсбурзите да се спротивстават бил неуспешен. Швајцареците убедливо победиле во битките кај Земпах (1386) и Нефелс (1388). Хабсбурговците биле принудени да склучат мир во 1389 година и да ја прифатат новата држава.

Швајцарскиот Сојуз во Бургундските војни учествувала на страната на Франција. Во тие војни, Сојузот извојувал значајни победи кај Грансон, Муртен (1476) и Нанси (1477).

Сојузот станувал сѐ посилен, а неговата потчинетост на Светото Римско Царство била номинална. Обидот на Максимилијан I со војна да наметне послушност завршил со целосен неуспех. По победата во Швапската војна Сојузот се стекнал со целосна независност. Независноста била потврдена со германско-швајцарскиот договор од 1511 година. Со Вестфалскиот мировен договор, со кој завршила Триесетгодишната војна (1648), Швајцарскиот Сојуз бил меѓународно признаен.

Успесите на швајцарската армија во Бургундската и Швапската војна ги направиле швајцарските платеници најбарани во Европа. Тие учествувале во Италијанските војни, наизменично на страната на Франција и на Светиот Сојуз.

По Швапската војна кон сојузот се придружниле градовите Базел и Шафхаузен, а Апенцел се придружил во 1513 година како тринаесетти член. Политичката карта на сојузот од тринаесет кантони (Dreizehn Orte) кој ја сочинувал Стариот Швајцарски Сојуз останала непроменета до нејзиното згаснување во 1798 година.

Пад уреди

Растечките социјални разлики и зголемениот апсолутизам во градските кантони за време на Стариот режим предизвикале народни бунтови. Во 1653 година, во Швајцарија избувнал селански бунт во Луцерн, Берн, Базел и други кантони. Бунтовите биле задушени благодарение на помошта од другите кантони. Избувнувањето на Француската револуција значително влијаело на понатамошниот тек на швајцарската историја. На почетокот од 1798 година, трупите на Францускиот директорат го окупирале Швајцарскиот Сојуз. На 22 март 1798 година била прогласена Хелветската Република.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Corpus helveticum, in the Historical Dictionary of Switzerland.
  2. Corps helvétique, in the Historical Dictionary of Switzerland.
  3. 3,0 3,1 Corpo helvetico, in the Historical Dictionary of Switzerland.
  4. Kaufmann, David (2018). „4. Bern: the government city“. Varieties of Capital Cities. Edward Elgar Publishing. ISBN 9781788116435.
  5. Ayres-Bennett, Wendy; Carruthers, Janice (2018). Manual of Romance Sociolinguistics. De Gruyter. стр. 529. ISBN 9783110365955.
  6. In the charters of the 14th century described as "communities" (communitas hominum, Lantlüte), the German term Orte becomes common in the early 15th century, used alongside Stand "estate" after the Reformation.
  7. 7,0 7,1 Schwabe & Co.: Geschichte der Schweiz und der Schweizer, Schwabe & Co 1986/2004. ISBN 3-7965-2067-7 (на германски) Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „schwabe“ е зададен повеќепати со различна содржина.

Надворешни врски уреди