Литературен арапски јазик

Литературниот арапски јазик (арапски: اللغة العربية الفصحى) или стандарден арапски јазик — дел од арапските јазици кој се користи во писмена форма и во формалниот говор низ арапскиот свет за да се олесни комуникацијата.

Литературен арапски јазик
العربية الفصحى, عربي فصيح
Изговор/al ʕaraˈbijja lˈfusˤħaː/
Застапен воПрвенствено во арапската лига, во Средниот Исток, во Северна Африка и африканскиот рог
Јазично семејство
ПисмоАрапска азбука
Јазични кодови
ISO 639-3arb

Повеќе од западните теоретичари обично разликуваат две форми на овој јазик: класичен арапски јазик (اللغة العربية التراثية) кој се употребувал во Куранот и во раното развивање на исламот во околу 7 век, и современ арапски јазик (اللغة العربية الحديثة) кој се употребува денеска. Современиот јазик се заснова на основата на класичниот арапски јазик. Повеќе од арапската популација смета дека овој јазик претставува две разнообразија на еден јазик.