Ставрос (Солунско)

Ставрос (грчки: Σταυρός) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Ставрос бил дел од општина Егнатија[2].

Ставрос
Σταυρός
Stavros-Church-Greece.jpg
Ставрос is located in Грција
Ставрос
Ставрос
Местоположба во областа
Рендина is located in Бешик
Рендина
Местоположба на Ставрос во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°39′N 23°41′E / 40.650° N; 23.683° E / 40.650; 23.683Координати: 40°39′N 23°41′E / 40.650° N; 23.683° E / 40.650; 23.683
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаРендина
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно3.672
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 14
Повик. бр.+30-2397-xxx-xxx

Географиja и местоположбаУреди

Селото се наоѓа на 77 километри источно од Солун, во североисточниот дел на Халкидик, на надморска височина од 10 метри, на западниот брег од Струмски Залив на планината Колани.

Ставрос опфаќа површина од 16.50 квадратни метри[3].

ИсторијаУреди

Во XIX век Ставрос било село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.

Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“), во 1878 година запишал дека во Ставрос (Stavros) живееле 300 Грци.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 100 жители Грци[5]. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 200 Грци[6].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.

ТуризамУреди

По економската обнова на местото кон 1950-1960-тите години, Ставрос станал популарна туристичка дестинација за жителите од СФРЈ. Во селото се наоѓаат неколку хотели, вили, лунапарк, дискотека, плажи, товарно пристаниште.

ДемографијаУреди

Во 1928 година во селото биле сместени 253 бегалски семејства и 906 лица[7]. Денеска, населението на селото е 3672 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население / / / / / / 3285 3672
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

НаводиУреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-21.
  4. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman : Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 33.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 196-197.
  7. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928

Надворешни врскиУреди