Среден Јитланд

(Пренасочено од Средна Данска)

Среден Јитланд или Средна Данска (дански: Region Midtjylland) — еден од 5-те региони во Данска, сместен во средишниот и западниот дел на државата, а во средината на островот Јитланд. Управното седиште е градот Виборг, а најголем е Орхус.

Среден Јитланд
Region Midtjylland
Регион во Данска
Местоположба на Среден Јитланд
Најголем градОрхус
главенВиборг
Градови во Данска
Управа
 • ПретседателБент Хансен
Површина
 • Вкупна13.053 км2 (5,040 ми2)
Население (2008)
 • Вкупно1.237.041
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Мреж. местоregionmidtjylland.dk

Положба и граници уреди

Среден Јитланд го опфаќа средишниот и заадниот дел на Данска и се простира повеќе на копното, а помалку на островите. Границите на регионот се:

Природни услови уреди

Среден Јитланд е претежно на копно, т.е. на полуостровот Јитланд, додека со помал источен дел на повеќе мали острови. Најголем остров од нив е островот Семсе, а Анхолт е познат по положбата во рамките на протокот Категат. Западниот брег(Северно Море) исто така е разгранет, но е во вид на лагуна и крајбрежни превлаки.

И копнениот и островскиот дел се претежно рамничарски, а надморската височина е до 100 м(на северот на регионот ). Меѓутоа, тука се наоѓа и највисоката точка во државата, Мелехеј(170м). На даденото подрачје нема значајни водотеци, а постојат многу мали езера со ледничко потекло. Во крајбрежното подрачје има многу мочуришта, а поголемиот дел е под земјоделско одгледување.

Население уреди

Според последниот попис од 2010 година во регионот Среден Јитланд живеат 1,2 милиони жители. Поголемиот дел од населението се етнички Данци, а насеението е претежно рурално, за разлика од просекот на државата.

Густина на населеност на регионот е близу 95 жит/км2, што е доста испод државниот просек (127 жит/км2). Источниот дел на копното е подобро населен отколку зпадниот дел и малите острови.

Општини во Среден Јитланд уреди

Во регионот има вкупно 19 општини и тоа:

Градови во Среден Јитланд уреди

Значајни градови во Среден Јитланд се:

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди