Сребреник (град)
Сребреник — град и општина во североисточниот дел на Босна и Херцеговина, како дел од Тузланскиот кантон. Најблискиот град од Сребреник е градот Тузла кој се наоѓа северозападно. Според податоците од пописот во 2013 година, Сребреник има 7.163 жители.
Сребреник Сребреник | |
---|---|
![]() Местоположба на градот | |
Местоположба на градот | |
Координати: 44°42′N 18°29′E / 44.700° СГШ; 18.483° ИГД | |
Земја | ![]() |
Entity | Федерација Босна и Херцеговина |
Кантон | Тузлански кантон |
Управа | |
• Општина Градоначалник | Нихад Омеровиќ |
Површина | |
• Вкупна | 248 км2 (96 ми2) |
Надм. вис. | 252 м |
Население (2013) | |
• Вкупно | 42.762 |
• Густина | 172/км2 (450/ми2) |
Часовен појас | CET (UTC+1) |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Повик. бр. | +387 35 |
Мреж. место | http://www.srebrenik.ba |
ИсторијаУреди
Сребреник во историјата за првпат се споменува во 1333 година. Првите пишани документи за постоењето на овој град се доаѓаат од Повелбата на Стефан II Котроманиќ, кој како босански бан ги отстапил на Република Дубровник градовите Стон и Пелешац, отворајќи ги трговските патишта на Дубровник кон Босна.
Во тоа време Сребреник бил главен град на средновековна Босна со која владееле династијата Котромановиќ. Во тоа време Босна се простирала на територијата од Савс на север, Задар и Книн на запад и Херцег Нови на југоисток. Унгарскиот кралот Матијаш Корвин во октомври 1464 со својата војска извршил инвазија во североисточна Босна и го освоил Сребреник. Во овој дел била формирана бановина на чело со Никола Иљочки.
ГеографијаУреди
Сребреник се наоѓа во долината на Тиња, на патниот и железничкиот правец Брчко-Тузла-Сараево. Просечната надморска височина е 199 метри, на подрачјето на општината е 249 км2. Во оваа област во 1991 година живееле 40.796 луѓе. Општина Сребреник е опкружена со планинските масиви и Мајевице и Требаве. Населението во градот и околните села главно се занимаваат со сточарството и овоштарство.
НаселениеУреди
Сребреник | ||||||
Година | 1991. | 1981. | 1971. | |||
Муслимани | 4.532 (85,44%) | 3.625 (87,37%) | 2.023 (93,13%) | |||
Срби | 172 (3,24%) | 147 (3,54%) | 80 (3,68%) | |||
Хрвати | 87 (1,64%) | 69 (1,66%) | 31 (1,42%) | |||
Југословени | 351 (6,61%) | 257 (6,19%) | 15 (0,69%) | |||
Останати | 162 (3,05%) | 51 (1,22%) | 23 (1,05%) | |||
Вкупно | 5.304 | 4.149 | 2.172 |
СпортУреди
Во градот се наоѓа и седиштето на фудбалските клубови ОФК Градина кој настапува во Првата фудбалска лига на Босна и Херцеговина. ОФК Градина своите домашни натпревари ги игра на Градскиот стадион кој има капацитет од 5.000 гледачи. ОФК Градина бил основан во 1953 година и како најголем успех го има постигнато во сезоната 2011-12 кога бил шампион како дел од Босанската фудбалска лига.
Освен фудбалскиот клуб, во градот се наоѓаат и седиштата на КК Сребреник, ОК Сребреник и РК Сребреник 04.