Спроти новите дни
„Спроти новите дни“ (руски: Накануне) — роман на рускиот писател Иван Тургенев од 1860 година. Првобитно, романот бил објавен во списанието „Современик“.[1]
Автор | Иван Тургенев |
---|---|
Изворен наслов | Накануне |
Земја | Русија |
Јазик | Руски |
Жанр | Политички, љубовен роман |
Издадена | 1860 |
Медиум | Тврд и мек повез |
Претходна | Благородничко гнездо |
Следна | Татковци и деца |
Содржина
уредиОсврт кон делото
уредиВо романот „Спроти новите дни“, Тургенев за првпат јасно го поставил прашањето за судирот меѓу генерациите во тогашното руско општество. По тој повод, во статијата “Кога ќе дојде вистинскиот ден?“, рускиот критичар Николај Доброљубов напишал: „Смело можеме да кажеме, кога г. Тургенев во својот роман ќе допре некое прашање, кога ќе прикаже некоја нова страна на општествените односи, тогаш тоа е доказ дека тоа прашање навистина се појавува или дека наскоро ќе се појави во свеста на образованото општество, дека таа нова страна почнува да се издвојува и дека наскоро остро и јасно ќе се појави пред очите на сите.“[2]