Здружување (хералдика)

(Пренасочено од Спојување (хералдика))

Здружување (или спојување) — практиката во хералдиката на присоединување на два грба во еден штит, како би се формирал нов комбиниран грб. Ова се прави со т.н. пресекување[1] на штитот на половина (вертикално), и поставување на составните грбови во половините.

Грбот на англискиот крал Ричард II од 1340 г. (лавови и кринови, десно) здружен со древниот грб на Едвард Исповедникот (крст и птици, лево).

Здружувањето во хералдиката се користи како симбол на сојуз или заедништво. Ова обично се прави при брак, каде грбот на сопругот ја зазема левата половина (хералдичката десна), а грбот на жената ја зазема десната (хералдичката лева) половина. Меѓутоа среќаваме и други видови на сојузи, особено кај црковната хералдика каде епископите ги обединуваат сопствениот грб со грбот епархијата или столица, така што грбот на епархијата стои на левата (хералдички десна) половина, а личниот грб на епископот стои на десната (хералдички лева) половина.

Поврзано уреди

Наводи уреди