Спортско ориентирање

(Пренасочено од Спортска ориентација)

Ориентирањето е спорт за кој е потребно знаење и умешност со помош на карта и бусола за брзо движење во непознат терен.

Успехот на овој спорт зависи од брзото и точно решавање на разновидните задачи со здобиени здобиени теоретски и практични познавања од топографијата, висока општофизичка, тактична и психичка подготовка.

Спортското ориентирање е вид на натпревар кој се изразува преку следниве одлики: на топографска карта на теренот, каде што се изведува натпреварот, судиите вцртуваат маршрута (патека) со должини соодветни на категориите на учесниците на натпреварот по утврден правилник. Оние натпреварувачи кои ќе ги пронајдат сите контролни точки (КТ) за што пократко време, се пласираат на високите места на ранг-листата во лигата за ориантирање.

Техниката на ориентирање ги содржи следниве елементи:

Овие натпревари се организираат во: поединечна, екипна и штафетна конкуренција, а исто така се поделени по возраст и пол. Во поединечни натпревари секоја категорија си има посебна точно определена патека и број на контролни точки.