Список на големи везири на Отоманското Царство

список на статии на Викимедија

Големиот везир на бил премиер на султанот на Отоманското Царство, имал апсолутна власт како негов застапник и само султанот можел да го разреши од функција. Кај него се наоѓал царскиот печат и можел да ги свикува другите везири да присуствуваат во Царскиот совет на настани важни за државата; везирите кои присуствувале на собирите се нарекувале „кубе-везири“, според местото каде што се собирале – Кубеалти (под куполата) во сарајот Топкапи. Неговите одаи се наоѓале во Високата Порта.

Во зачетокот на Отоманската држава се употребувал само називот Везир. Чандарли Халил Хајредин-паша (познат како Чандарли Халил-паша Постариот) — првиот од Отоманските Везири кој бил назначен за Голем везир. Оваа титула била воведена за да се разликува везирот кој го поседувал Султановиот печат од другите везири. Големите везири подоцна се нарекувале и со други имиња што означувале апсолутен застапник, владетел на државата, милостив генерал и сл.

Во подоцнежните години на Отоманското Царство, особено за време на 19 век, Големиот везир поседувал власт каква што имале премиерите во другите европски држави. Реформите што се случиле за време и по Танзиматот (1838 г.), Првата уставна ера (1876-1878) и Втората уставна ера (1908-1920) ја унапредиле работата на Големиот везир според Европските стандарди, при што Големиот везир станал и глава на Кабинетот на министри. За време на уставните ери, Големиот везир бил и претседател на Сенатот – горниот дом на дводомниот Отомански парламент.

Ова е список на Големите везири на Отоманското Царство.

Подем (1299–1453) уреди

Проширување (1453–1606) уреди

Стагнација (1606–1699) уреди

Пад (1699–1792) уреди

Распад (1792–1922) уреди