Список на галицизми во македонскиот јазик
Ова е делумен список на галицизми во македонскиот јазик подредени според азбучен ред:
галицизам | изворен збор | значење |
---|---|---|
абажур (м.) | abat-jour | штит на ламба што ја ублажува светлината, шешир на ламба |
абонент (м.) | abonné | Претплатник |
алеја (ж.) | allée | Пат, премин, шеталиште со дрворед. |
аранжира | arranger | 1. Убаво, со смисла уреди, уредува, подготви, подготвува. 2. Приреди, приредува музичко дело за изведување. |
бајонет (м.) | baïonnette | Вид воен нож кој се монтира на цевката на пушката |
балет (м.) | ballet | Вид класичен танц |
банален | banal | Обичен, секојдневен |
баталјон (м) | bataillon | Воена единица од 300 до 800 војника |
беретка (ж) | béret | Вид капа |
билтен (м.) | bulletin | 1. Официјален извештај за некоја актуелна состојба што е во интерес најавноста. 2. Назив за некои повремени или постојани публикации со определенасодржина и за потесен круг читатели. |
боем (м) | bohème | Човек што живее неконвенционално, од редовите на интелектуалците (поети, сликари, уметници), што живее безгрижен и неуреден живот |
бордел (м.) | bordel | Јавна куќа |
вирман (м.) | virement | Исплата која се врши без готовина |
група (ж.) | groupe | Заедница |
дежа ви | le déjà-vu | Веќе видено |
десерт (м.) | dessert | Јадење што се послужува и што се зема по главното јадење (торта, колаче, овошје, сирење). |
деранжира | déranger | Вознемирува |
еполета (ж.) | épaulette | Нараменица. Пришиен дел на рамената на униформа со ознака за чинот |
ескадрила (ж.) | escadrille | Вид одред во воената авијација |
еспадрила (ж.) | espadrille | Вид лесни обувки |
ешалон (м.) | échelon | Вид воена формација |
ешарпа (ж.) | écharpe | Марама |
жалузии (мн.) | jalousie | Ролетни, капаци на прозорец или врата за регулирање на светлината ивоздухот. |
жандар, жандарм (м.) | gendarme | Припадник на жандармерија (Посебни полициски единици, организирани и делумно вооружени како војска) |
жанр (м.) | genre | Определена форма на литературно или на друго уметничко дело што сеизделува со сижетните, стилските и други особености |
жаргон (м.) | jargon | Говор на луѓе од иста професија, сталеж или социјална група кој содржипосебно карактеристични зборови, изрази и условни, изместени значења назборови надвор од општоусвоената терминологија и од нормите настандардниот јазик |
жур (м.), журка (ж.) | jour | Попладневна или вечерна приватна седенка и забава |
журнал (м.) | journal | Дневник |
кабина (ж.) | cabine | Мала, изделена просторија со посебна намена |
кавалер (м.) | cavalier | 1. Маж што кон жените се однесува воспитано, услужно; придружник на дамапри средби со танцување. 2. Лице што ги чести cите, што ги плаќа cите сметки; дарежлив, великодушенчовек. |
кадет (м.) | cadet | Питомец на воено училиште |
касарна (ж.) | caserne | Зграда за постојано сместување на војска |
кирета (ж.) | curette | Гребалка, посебен вид лажичка на долга дршка за чистење на матката |
киретажа (ж.) | curettage | Чистење на внатрешноста на матката |
кокарда (ж.) | cocarde | Метална значка на службена капа |
крупие (ср.) | croupier | Лице во коцкарница што ги собира влоговите, ги исплаќа добивките, ги деликартите и ја контролира играта |
легитимитет (м.) | légitimité | Усогласеност со правдата и праведноста |
ликер (м.) | liqueur | Сладок и ароматичен алкохолен пијалак од пречистен алкохол, шеќер, овошен сок и етерично масло |
лојален | loyal | 1. Што ги почитува законите, вообичаените норми. 2. Што е искрен, верен, коректен во односот кон некого или нешто. |
масажа (ж.) | massage | Триење на телото од медицински или козметички причини |
масакр (м.) | massacre | Убиство на голем број луѓе, крвопролевање |
медал (м.) | médaille | Одличје. Mетална тркалезна плочка, закачена на платнен дел што се прицврстува наоблека или униформа, што се дава како награда за посебни заслуги. |
мени (ср.) | menu | 1. Список и ценовник на јадења во угостителски објект што им се дава нагостите за да изберат. 2. Утврден избор на јадење за еден оброк. |
митралез (м.) | mitrailleuse | Вид автоматско брзострелно оружје |
ордевер (м.) | hors-d'œuvre | Предјадење |
паркет (м.) | parquet | дрвен под |
паспарту (ср.) | Passe-partout | Рамка од картон што ја дели сликата или цртежот од нејзината околина |
рафал (м.) | rafale | Брз, зачестен оган од огнено оружје |
револуционер (м.) | révolutionnaire | 1. Учесник во револуција. 2. Лице што врши преврат во некоја област на науката, уметноста и сл. |
резиме (ср.) | résumé | 1. Кратка, концизна содржина на статија, реферат и сл. 2. Кратка биографија во табеларна форма. |
реставрација (ж.) | restauration | 1. Обновување во првобитниот вид на уметнички предмети, споменици на културата и сл. 2. Воспоставување на претходниот поредок. |
ресторан (м.) | restaurant | угостителски објект каде што се служат храна и пијалаци |
руж (м.) | rouge | црвило за усни |
хотел (м.) | hôtel | преноќевалиште |
шансона (ж.) | chanson | забавна песна, шлагер |
шансониер (м.) | chansonnier | пејач или композитор на шансони |
Литература
уредиВелковска, Снежана; Конески, Кирил (2003–2014). Толковен речник на македонскиот јазик. I–VI. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“.CS1-одржување: датумски формат (link)