VoIP телефон е уред со помош на кој може телефонски да се разговара преку Интернет. VoIP телефонот користи одредени комуникациски протоколи за пренос на телефонскиот разговор преку интернет. VoIP всушност е начин на симулација на традиционалниот начин на разговор (Аналогни Аудио Сигнали) и негова симулација / адаптација за дигитален пренос преку Интернет.

1140E IP Phone

Постојат повеќе начини како тоа може да се постигне.

1. Со помош на компјутерска апликација (честопати наречена софтверски телефон): потребно е да се има интернет врска, слушалки, микрофон и звучна картичка.

2. Со помош на АТА (аналоген телефонски адаптер): овој уред служи за поврзување на постоечкиот аналоген телефонски апарат, компјутерот и интернет. На овој начин добиваме аналогно-дигитален претворач, при што тлефонот е подготвен за телефонски разговори со користење на VoIP технологијата.

3. Со помош на IP телефони: личат идентично како и нормалните телефони, со тоа што наместо да се поврзани на стандардна телефонска линија, тие се приклучени на соодветен насочувач преку RJ-45 Ethernet конектор. Во овој вид на телефони има вградено специјален софтвер којшто служи за телефонска комуникација.

Типични протоколи кои се користат во овие случаи се SIP и H.323, или специјално дизајнирани како во случајот на Skype.