VІІІ македонски конгрес

Осмиот македонски конгрес на македонските друштва во Бугарија започнал со својата работа на 4 април 1901 година во Софија.

Дел од темата
Македонски комитет
Печат на Македонскиот комитет

Заседание, делегати и работа уреди

На овој конгрес присуствувале 123 делегати , а меѓу нив бил и Гоце Делчев [1].

Конгресот ги разгледал односите помеѓу ТМОРО и Врховниот Комитет (Врховен македонско-одрински комитет) и била осудена дејноста на Борис Сарафов[1].

Било разгледано прашањето за востание во Македонија [1], притоа Димитар Ризов истакнал дека треба да се избегнува предвремено кревање на востание и во таа смисла го осудил Иван Цончев[1].

Димитар Ризов за претседател на ВК го предложил Гоце Делчев[1].

Во името на ТМОРО се обратил Н. Габровски кои истакнал дека организацијата треба да го подготвува востанието, а Врховниот комитет да ги помогне материјално и морално[1]. И. Цончев и Стојан Михајловски од тактички причини ги прифатиле барањата [1].

Гоце Делчев на 7.04.1901 година се обратил пред конгресот и притоа истакнал:

Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, туку и да го разбие нивниот ропски дух. Пред да влеземе во врска со комитетот од 1899 година, нам ни помагаа официрите. Врската сега не постои бидејќи Борис сарафов сакаше да прати од тука свои луѓе за раководители на Внатрешната организација... Се спротивставивме на Сарфов, зашто ако тој испратеше од тука луѓе за раководители.. ќе се создадеше катастрофа... Само ако тукашната Оргазнизација го одобрува духот на Внатрешната организација и не стреми да и дава инпулс, воздејство, т.е да не и се меша во нејзините работи, само во таков случај може да постои врска меѓу тие две организации [2]

Решенија уреди

На конгресот било избрано ново раководство за Врховниот Комитет и во него влегле: претседател Стојан Михајловски, потпреседател Владимир Димитров, секретар Иван Кепов, советници - д-р Димитар Владов и Георги Минков.

За уредник на Реформи бил избран Никола Харлаков.

На овие избори за новото раководство учествувал и Гоце Делчев и тој добил 46 гласа[1], односно 2 гласа помалку од С. Михајловски, зад кој стоел кнезот Фердинанд I. Задачата на Стојан Михајловски била да го подготви теренот за вклучување на Иван Цончев во Врховниот Комитет[1].

Извори уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 П. Константин Национлнотоослободително движение в Македония и Тракия 1893-1093, София, 1979.
  2. Гоце Делчев, Писма и други матерјали