Nationalencyklopedin („Национална енциклопедија“) скрат. NE — најобемната современа енциклопедија на шведски јазик. Изготвувањето и издавањето започнало со владин заем од 17 милиони круни, отплатен кон крајот на 1990 г.[1] Во печатен облик, делото има 20 тома со 172.000 статии, а изданието на семрежјето опфаќа 260.000 статии (јуни 2005).

Том 1–10 (од вкупно 20), 1989–1996 г.
ЗемјаШведска
Јазикшведски
Предмет(и)општа
Жанрприрачна енциклопедија
OCLC185256473

Историја уреди

Проектот започнал во 1980 г, со препорака од владината комисија за преговори со разни издавачи. Оваа фаза завршила во август 1985 г, избирајќи ги „Бра Бекер“ и „Хегнас“. Задачата на проектот била да се изработи современо прирачно дело во склад со научната парадигма, вклучувајќи проблематики како меѓуродовите односи и животната средина.

Уште пред да излезе, делото побудило огромен интерес. До моментот на издавањето на првиот том во декември 1989 г, енциклопедијата ја порачале дури 54.000 лица. Последниот том излегол во 1996 г, со три дополненија во 2000 г.

Во состав на проектот Nationalencyklopedin се издадени и следниве книги:

  • NE:s Ordbokречник во три тома (1995–1996)
  • NE:s Årsband — дополненија за понови информации и настани (секоја година, почнувајќи од 1997)
  • NE:s Sverigeatlasатлас на Шведска (1998)
  • NE:s Världsatlas — атлас на светот (1998)
  • NE-spelet — игра на знаење со 8.000 прашања (1999)

Во 1997 г. е издаден дигитален облик на енциклопедијата, на 6 диска (подоцна и на ДВД), а во 2000 г. е ставена на располагање на семрежјето, со претплата. Оваа верзија е тековна и осовремена, и го опфаќа и речникот. Има вкупно 356.000 ставки, од кои 183.000 се енциклопедиски статии. Во услугата се вклучени и неколку дополнителни можности како шведско-англиски речник.

Поврзано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди