Ia Orana Maria ( Аве Марија ) е слика, масло на платно од 1891 година на Пол Гоген, сега во Метрополитен (музеј).[1]

Ia Orana Maria (Ave Maria)
Ia Orana Maria (Ave Maria)
Творец Пол Гоген
Година 1891
Димензии 114 см × 88 см
Место Метрополитен (музеј), New York
Скица vo мастило за „Orana Maria“ (1892; Париз)
Двете фигури кои ја поздравуваат Марија се инспирирани од овој древен релјеф од јаванскиот храм во Боробудур.

Тоа е едно од првите дела од неговиот период во Тахити. На сликата се претставени двајца Полинезијци (во средината) кои се поздравуваат со Богородица и Исус.

Со ова масло на платно, Гоген се навратил на верските теми прикажани во „Жолтиот Христос“, „Визија по проповедта“ и „Зелениот Христос“, кои биле создадени за време на неговиот престој во Бретања (регион во северозападна Франција).

Невообичаено е упатувањето на Гоген за агресивноста на западната култура во животот на Тахитјаните. Во своето дело, Гоген се занимавал со католичкиот приказ на Дева Марија и Исус Христос во сосема поинаква средина. Само ореолите ги разликуваат од двајцата побожни Тахитјани, зад кои може да се види ангел во растителноста.

Ова дело е малку поголемо од повеќето слики на Гоген со многу детали. Делото има религиозен карактер, но во многу нешта се разликува од традиционалните западни прикази на верските мотиви и со тоа во позиција на две побожни жени чиј став е преземен од фотографиите на будистичкиот храм во Боробудур (Јава). Уметничкото дело како краен резултат остава впечаток на спојување на Исток и Запад. Сликата е изложена во Метрополитен музејот.

Наводи уреди