Интерфејсот за дистрибуирање податоци преку фибер влакна Fiber Distributed Data Interface (FDDI) обезбедува 100 Mbit /s оптички стандард за пренос на податоци во локална мрежа која може да се прошири во опсег до 200 километри (124 милји). Иако FDDI е мрежа заснована на прстен - логичка топологија , таа не го користи IEEE 802,5 прстенестиот протокол како нејзина основа, наместо тоа, нејзиниот протокол е изведен од IEEE 802,4 временски протокол. Во прилог на тоа што покриваат големи географски подрачја, FDDI локалните мрежи можат да ги поддржат илјадници корисници. Како стандард за основниот медиум користи оптички влакна, иако тоа можат да го користат бакарни кабли, и во тој случај може да се однесуваат како CDDI (Интерфејс за Бакарна Дистрибуција на Податоци). FDDI нуди и Двојно Прикачени Станици(DAS), обратновртечка прстенова топологија и Единечно Прикачена Станица (SAS), прстенеста топологија.

Dual-attach FDDI Board

FDDI се сметаше за привлечна кампус-рбетна технологија во почетокот до средината на 1990-тите години кога од постоечките етернет мрежи се понудувало само 10 Mbit /s трансферна брзина а прстенестите мрежи понудувале само 4 Mbit / s или 16 Mbit / s брзина. FDDI беше изборот на рбетна технологија за таа ера, но FDDI бидна заменет со Fast Ethernet кој ја нудеше истата 100 Mbit / s брзина, но по многу пониска цена, а подоцна од 1998 година, станува доминантен Gigabit Ethernet поради неговата брзина, присутност и уште пониската цена.

FDDI, како производ на американскиот национален институт за стандарди X3T9.5 (сега X3T12), е во согласност со отворени системи за интерврска (OSI) модел на функционална конструкција на мрежи со други протоколи. FDDI-II, верзија на FDDI, додава можност за додавање на сервис за кружно бклучување на мрежата, така што исто би можело да се справи со гласовни и видео сигнали. Понатамошната работа го поврзало FDDI мрежи со развојот на Синхронно Оптички мрежа SONET.

FDDI мрежа содржи два прстени, еден како секундарна резерва во случај да примарниот прстен не успее. Примарната прстен нуди до 100 Mbit /s капацитет. Кога мрежа нема потреба од секундарниот прстенот да прави бекап, може да го носи на податоци, кои се протегаат во капацитет до 200 Mbit / s. Првиот основен прстен може да се прошири на максимална далечина а двојниот прстен може да се прошири на 100 километри (62 милји). FDDI има поголема макс. големината на рамката (4.352 бајти) од стандардните 100 Mbit/s Ethernet технологии кој само ја поддржува макс. големината на рамката од 1.500 бајти, кој овозможуваат подобра проводност на податоци.

Дизајнерите вообичаено градат FDDI прстени во форма на "двоен прстен од дрва". Многу мал број на уреди (обично уреди за инфраструктура како што се насочувачите и концентратори, наместо хост компјутери) се поврзува со двата прстени – оттука потекнува терминот "двојно поврзан". Хост компјутерите тогаш се поврзувале како единствено-поврзан уред со насочувачи или концентратори. Двојниот прстен во неговата дегенерирана форма едноставно се сведува во еден единствен уред. Типично, компјутерските соби ја содржат целата “двоен прстен” технологија, иако некои имплементации го претставуваат FDDI како Митрополитска мрежа.

Ублажување на грешки уреди

FDDI има потреба од оваа мрежна топологија поради тоа што двојниот прстен всушност поминува низ секој поврзан уред и бара секој таков уред да остане во постојанa функција. Стандардот всушност овозможува оптички заобиколува, но мрежни инженери ги сметаат за несигурни и подложни на грешки. Уреди како работни станици и мини компјутери кои може да не се под контрола на мрежните менаџери не се погодни за поврзување со двоен прстен.

Како алтернатива за користење на двојно поврзана врска, работна станица може да добие ист степен на отпорност преку двојно-вдомена врска дадена истовремено во два одделни уреди во ист FDDI прстен. Една од врските станува активна додека другата е автоматски блокирана. Ако првата врска не успее, врската за поддршка презема без забележливо одложување.

Стандарди уреди

FDDI Стандардите вклучуваат:

  • ANSI X3.139-1987, Медиуми за Контрола на Пристап (MAC) - исто така ISO 9314-2
  • ANSI X3.148-1988, Протокол на Физички слој (PHY) - исто така ISO 9314-1
  • ANSI X3.166-1989, Зависност на Физички Медиум (PMD) - исто така ISO 9314-3
  • ANSI X3.184-1993, Зависност на (Single Mode Fiber ) Физички Медиум (SMF-PMD) - исто така ISO 9314-4
  • ANSI X3.229-1994, Менаџмент на Станици (SMT) - исто така ISO 9314-6

Наводи уреди


Предлошка:Compu-network-stub