Corynebacterium diphtheriae
Научна класификација
Царство: Bacteria
Колено: Actinobacteria
Ред: Actinomycetales
Семејство: Corynebacteriaceae
Род: Corynebacterium
Вид: C. diphtheriae
Научен назив
Corynebacterium diphtheriae

Corynebacterium diphtheriae претставува Грам позитивна патогена бактерија, без спори, флагели и капсула. Растат на збогатени подлоги (Лоферова подлога.
Во однос на бојата разликуваме три типа:

  • Тип Гравис-сиви колони;
  • Тип Митис-црни колони со остри рабови;
  • Тип Интермедиус-комбинација од двете.

Оваа бактерија е осетлива на пеницилин,а е отпорна на надворешната средина. Предизвикува болест наречена Дифтерија.

Патогенеза уреди

Влезна врата претставува слузницата на горните дишни патишта и тонзилите, тука го излачуваат својот егзотоксинх кој по лимфен пат се пренесува низ целиот организам со посебен афинитет кон миокардот, нервните влакна и паренхимните органи. Локалното дејство е најчесто на тонзилите со хиперемија и еден, оштетување на крвните садови со ослободување на леукоцити, еритроцити и фиброзен ексудат од кој се формираат дебели белузливи налепи (псевдомембрани) кои се сраснати за подлогата и при корнење(откинување) крвараат. Регионалните лимфни јазли се отечени и болни, а под дејство на егзотоксинот доаѓа до масна дегенерација на паренхимните органи.

Видови дифтерија уреди

Дифтеријата може да се јави на:

  • на тонзилите;
  • на нос;
  • на ларингс;
  • на очи;
  • надворешни полови органи;
  • папокот.

Дифтеријата на тонзилите може да се јави како:

  1. Обична дифтерија - ангина која има постепен почеток со температура од 37-38 степени, главоболки, омалаксаност, и болки при голтање. Тонзилите се зголемени, црвени со пајажести налепи подоцна има сивобелчасти псевдомембрани со седефаст сјај и остро ограничени кои при откинување крвараат. Ако навреме се даде антидифтеричен серум налепите изчеснуваат за три-четири дена. Некои налепи се шираат во околината и се јавуваат токсични промени и оштетувања на ЦНС и срцето.
  2. Злоќудна форма на дифтерија- има потешка клиничка слика со температура повисока од 40 степен, а налепите се шираат на двата крајника, улвулата, носот, назофаринксот, ларингсот и трахеата. Налепите се со сило-жолтеникава боја, во устата има непријатен мирис. Регионалните лимфни јазли се отечени и го исполнуваат целиот врат - проконзуларен врат. Болните се бледи, по кожата имаат точкасти крварења, дишењето и срцевата работа се отежнати.

Компликации уреди

Парализа на мекото непце, екстремитетите и дишната мускулатура.

Дијагноза уреди

  • анамнеза;
  • клиничка слика;
  • бактериограм;
  • се зема брис од границата меѓу здравото и болното ткиво. Се правааат два препарата од кои едниот се бои по Грам а другиот по Љубински и се засејуваат на Лоферова подлога.

Терапија уреди

Терапијата се состои од:

  • антибиотици од широк спектар;
  • симптоматска терапија(аналгетици, топли облоги, кислород, вештачко дишење, исхрана-течна и кашеста.)

Профилакса уреди

Се дава DI-TE-PER вакцина.

Имунитет уреди

Попрележана болест останува долготраен.