Blue (Da Ba Dee) (или I'm Blue во некои други земји) е техно песна направена од италијанската група Eiffel 65. Blue (Da Ba Dee) ја има во албумот Europop од 1999 година. Оригиналната должина на песната е 3:29, а продолжената верзија 4:43.

CD покривка на Blue (Da Ba Dee)

Оваа песна е многу позната, освојувајки во 1999 година 1-во место во многу топ-листи на песни низ Европа и светот, меѓу кои Ирска, Обединетото Кралство, Шпанија, Франција, Шведска, Швајцарија, Нов Зеланд, Австралија и Германија. Исто така таа стигнала на 6-тото место од топ 100-те песни на списокот на САД. Во Обединетото Кралство таа станала една од 40-те најпродавани песни.

Оваа песна била номинирана за Греми награда за најдобра техно песна на Греми наградите во 2001 година.

Текст и инспирација уреди

Оваа песна била напишана од пејачот на Eiffel 65, Џефри Џеј, свирачот на синтисајзер Маврицио Лобина, и продуцентот Масимо Габути.

Инспирацијата за песната дошла кога Маврицио Лобина го компонирал делот на песната која се исполнува со пијано. После ова, продуцентите сакале да направат техно песна со таа содржина. Џеј потоа почнал да работи на текстот на песната, додека Лабино го исмислил делот "da ba dee" на истата.

Џеј сакал да го напише текстот за некој човек и неговиот живот. Сината боја е главната тема на песната и таа е случајно избрана. Џеј сакал текстот на песната да биде безмислен.

Видео уреди

Видеото на песната било режирано од страна на Џош Барисон, било издадено во 1999 година и содржело копјутерски анимации.

Видеото почнува со следнава содржина: пејачот Џеј го земаат сини вонземјани додека тој настапува на концерт. Потоа тие си заминуваат од земјата. За да го спасат Џеј, останатите членови на групата одат по вонземјаните со нивно мало вселенско возило. Тие стигаат на планетата на вонземјаните преку портал. Вонземјаните го стават Џеј на сцена да настапува за нив, но тој не сака. Тој пробува да излезе од планетата и ги тепа сините вонземјани. Подоцна останатие членови го спасуваат Џеј и си одат дома. Но сините вонзмјани ги молат да се вратат, но тие не сакаат.

Ремикси уреди

Бидејќи оваа песна е многу позната низ целиот свет, напправени се голем број ремикси:

1. "Blue (Da Ba Dee)" (Blue Ice Pop радио преработка) — 3:39

2. "Blue (Da Ba Dee)" (DJ Ponte Ice Pop микс) — 6:26

3. "Blue (Da Ba Dee)" (Hannover ремикс) — 6:24

4. "Blue (Da Ba Dee)" (Dub микс) — 4:48

5. "Blue (Da Ba Dee)" (Ice Pop инструментален микс) — 6:27

6. "Blue (Da Ba Dee)" (Blue Paris ремикс) — 7:42

7. "Blue (Da Ba Dee)" (Blue Ice Pop радио преработка) — 3:39

8. "Blue (Da Ba Dee)" (DJ Ponte Ice Pop микс) — 6:26

Надворешни врски уреди

Blue (Da Ba Dee) - Wikipedia, the free encyclopedia