6 април (настани)

шаблон на Викимедија
885  Во Велиград, Велика Моравија (денешна Чешка), умрел и бил погребан Свети Методиј.
1814  Наполеон абдицирал и подоцна бил протеран на островот Елба, близу Италија.
1896  Во Атина почнале првите современи Олимписки игри кои биле организирани од страна на Французинот Пјер де Кубертен, претседател на Меѓународниот олимписки комитет од 1896 до 1925 година. На игрите кои завршиле на 14 април, учествувале 484 натпреварувачи.
1909  Американскиот поларен истражувач Роберт Пири (1856 - 1920) прв стигнал на Северниот Пол. Пири го испитал и најсеверниот дел на Гренланд (Пириева Земја) и напишал неколку дела за своите патувања, како што се „Најблиску до полот“, „Северниот Пол“ и „Тајните на поларните патувања“.
1917  САД во Првата светска војна, по вонредното заседание на Конгресот, ѝ објавиле војна на Германија.
1941  Нацистичка Германија без објава ги нападнала Југославија и Грција. Нападот започнал со бомбардирање на Белград, кој е речиси целосно разорен, а 12.000 луѓе го загубиле животот.
1991  Во Прилеп почнал Првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.
1994  Започнал геноцидот во Руанда кој однел над 500.000 животи, откако е соборен авионот кој ги превезувал претседателите на Руанда Џувенал Хабјаримана и на Бурунди Циприен Нтаријамира.