69P/Тејлор е периодична комета во Сончевиот Систем, првпат откриена од Клемент Џ. Тејлор (Кејптаун, Јужна Африка) на 24 ноември , 1915 година.[1].

69P/Тејлор
Откривање
ОткривачКлемент Џ. Тејлор
Откриена24 ноември , 1915
Други
ознаки
1915 W1, 1976 X1
Орбитални особености A
Епоха11ноември, 2004
Афел5.49 Астрономска единица
Перихел1.94 Астрономска единица
Голема полуоска3.64 Астрономска единица
Занесеност0.467
Период6.953 а
Наклон20.56°
НРОС (Јупитер)0.121 ае (18,100,000 kм)
Последен перихел18 март, 2019Сјуичи Накано (2012-02-04). „69P/Taylor (NK 2167)“. OAA Computing and Minor Planet Sections. Посетено на 2012-02-18.November 30, 2004
Следен перихел2026-11-12

Џорџ ван Бизбрук и Е. Барнард (опсерваторија Јеркс, Висконсин, САД) забележал дека кометата била поделена на две различни јадра, но тоа не било забележано по 16 март.

Се предвидувало дека кометата ќе се врати во 1922 година, но била изгубена (види изгубена комета).

Во 1928 година, откритието на Кометата Рејнмут 1 првично се претпоставувало дека е кометата Тејлор, а повторно во 1951 година истата претпоставка била направена со Комета Arend-Rigaux[2]..

Враќањето во 1976 година било предвидено од Н. А. Бељаев и В. В. Емалејенко

Кометата била пронајдена за враќање во 1984 и 1990 година, а во јануари 1998 година ббила забележана како магнитуда 12 кога била 1AU од Земјата.

Имаше 6 обновени слики од 69P во октомври 2018 година кога кометата имаше светлинска величина од околу 20,5. Поради недостаток на набљудувања, кога кометата е во перихел на 18 март 2019 година и 2,45АЕ од Земјата, 3-сигма неизвесноста на растојанието од Земјата на кометата ќе биде ±6000 км.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди