<< јануари >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31
2024

5 јануари — 5-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 360 денови до крајот на годината (361 во престапна).

Настани:

1895  Вилхелм Рентген, германски физичар, ги пронајде Х-зраците, подоцна по него наречени „Рентгенски зраци“.
1909  Излегол последниот број на весникот „Единство“, уредуван од Димитар Влахов.
1919  Основана Германската работничка партија (ДАП) — претходник на Националсоцијалистичката германска работничка партија или Нацистичка партија (НСДАП).
1947  Во Белград е одиграно првото „вечно дерби“ меѓу фудбалските клубови „Црвена ѕвезда“ и „Партизан“.
1968  Александар Дупчек станал прв секретар на Комунистичката партија на Чехословачка и со него започнал процесот на внатрешна либерализација, наречен „Прашка пролет“.
1981  Започнала електрификацијата на железничката пруга Скопје-Гевгелија.
1995  Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи на Република Македонија со Република Узбекистан и со Република Молдавија.

Родени:

1767  Жан Батист Сеј — француски економист.
1875  Владислав Ковачев — штипски војвода и публицист, уредник на весникот „Автономна Македонија“ и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација.
1915  Јон Исаја — македонски филмски, театарски и телевизиски глумец.
1917  Адолфо Консолини — италијански атлетичар.
1931  Роберт Дувал — американски глумец.
1932  Умберто Еко — италијански писател и филозоф.
1942  Звонко Богдан — српски пејач на народни и староградски песни.
1946  Дајан Китон — американска глумица.
1947  Петре Бакевскимакедонски писател, публицист и театарски критичар.
1950  Крис Стајн — американски рок-музичар, член на групата „Блонди“ (Blondie).
1954  Муарем Кочиу — албански писател.
1968  Анджеј Голота — полски боксер.
1975  Бредли Купер — американски глумец.
1979  Ина Суслина — руска ракометарка.
1982  Јаница Костелиќ — хрватска скијачка.
1988  Мирослав Радуљица — српски кошаркар.
1988  Никола Калиниќ — хрватски фудбалер.

Починале:

911  Свети Наум Охридски Чудотворец — еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета.
1910  Леон Валрас — француски економист.
1913  Луис Свифт — американски астроном, откривач на многу комети и маглини.
1952  д-р Христо Татарчев — македонски револуционер, еден од основачите на ВМРО.
1979  Чарлс Мингус — американски џез-музичар.
1988  Пит Маравич — американски кошаркар.
1990  Филип Симоновски — македонски новинар, уредник и публицист во „Нова Македонија“.
1991  Васко Попа — српски и југословенски поет.
2014  Еузебио — португалски фудбалер.
2018  Џери ван Дајк — американски глумец и комичар.
2019  Драгослав Шекуларац — српски и југословенски фудбалер.
2021  Колин Бел — англиски фудбалер.
2022  Сидни Поатје — американски глумец.