580 Селена

астероид

580 Селенаастероид од главниот појас. Откриен од страна на Макс Волф на 17 декември 1905 година. Името Селена потекнува од старогрчката божица на Месечината.

580 Селена
Откривање
ОткривачМакс Волф
Откриено воХајделберг
Откриено17 декември 1905
Ознаки
1905 SE
Орбитални особености
Епоха 18 август 2005 (ЈД 2453600.5)
Афел3,494 ае
Перихел2,973 ае
3,233 ае
Занесеност0,080
5,814 a
93,455°
Наклон3,651°
99,376°
328,158°

Ова тело кружи околу Сонцето скоро на средина меѓу орбитите на Марс и Јупитер. Орбиталното занесување е малку помало од она на Марс. Спорд податоците добиени од светлинската крива, Селена има вртежен период од 0,3947±0,0004 денови, или нешто под 9.5 часа.[1] За време на секоја ротација, привидната величина се менува за 0,27. Приближниот пречник на овој астероид изнесува 46 км.[2] (некои извори тврдат дека изнесува и 56 км.) Албедото е околу 7%, и е споредливо со она на Земјината Месечина.

Наводи уреди

  1. Antonini, Pierre (2005-05-16). „Courbes de rotation d'astéroïdes et de comètes“ (француски). Observatoire de Genève. Архивирано од изворникот 2006-07-08. Посетено на 2006-06-12.
  2. „Occultation by (580) Selene“. RASNZ Occultation Section. 2005-01-18. Архивирано од изворникот на 2005-12-21. Посетено на 2006-06-12.

Надворешни врски уреди