Предлошка:Јануари 2024

4 јануари — 4-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 361 денови до крајот на годината (362 во престапна).

Настани:

1992  Владата на Република Македонија донесе одлука со која 7 јануари - првиот ден Божик, се прогласува за неработен ден. Ова е првпат во Македонија верски празник и официјално да биде прогласен за неработен.
1996  Република Македонија и Република Таџикистан воспоставиле дипломатски односи.

Родени:

1643  Исак Њутн — англиски физичар и математичар.
1710  Џовани Батиста Перголези — италијански композитор.
1785  Јакоб Грим — германски филолог и фолклорист.
1809  Луј Брај — француски учител, пронаоѓач на азбуката за слепи, наречена Брајова азбука.
1883  Макс Истмен — американски политичар.
1909  Тодор Ангеловски — македонски комунист, учесник во НОБ.
1922  Френк Вес — американски џез-музичар.
1932  Фабијан Шоваговиќ — хрватски и југословенски глумец.
1935  Флојд Патерсон — американски боксер.
1942  Џон Меклафлин — англиски џез-гитарист.
1957  Весна Змијанац — српска пејачка.
1960  Мајк Стајп — американски пејач, член на групата „РЕМ“ (REM).
1962  Робин Гатри — шкотски рок-музичар, член на групата „Кокто Твинс“.
1964  Александар Фадеев — руски и советски спортист, европски и светски првак во уметничко лизгање.
1973  Јозеф Кабањ — словачки автоконструктор.
1974  Данило Хондо — германски велосипедист.
1980  Јарослав Попович — украински велосипедист.
1986  Џејмс Милнер — англиски фудбалер.
1990  Алберто Палоски — италијански фудбалер.
1990  Тони Крос — германски фудбалер.

Починале:

1752  Габриел Крамер — швајцарски математичар.
1782  Анж Жак Габриел — француски архитект, еден основоположниците на неокласичната архитектура.
1941  Анри Бергсон — француски филозоф.
1942  Орце НиколовНароден херој на Македонија.
1943  Мирче АцевНароден херој на Македонија.
1943  Страшо ПинџурНароден херој на Македонија.
1954  Димитар Андонов Папрадишки — последниот македонски зограф и првиот профан сликар и основач на „западното“ сликарство во Македонија.
1960  Албер Ками — француски писател.
1961  Ервин Шредингеравстриски теоретски физичар. Еден од основоположниците на квантната механика и добитник на Нобеловата награда за физика во 1933 година.
1965  Томас Стернс Елиот — англиски поет од американско потекло.
1969  Пол Чејмберс — американски џез-музичар.
1991  Звонимир Лепетиќ — хрватски и југословенски глумец.
2011  Мик Карн — британски рок-музичар.
2016  Лонг Џон Хантер — американски блуз-гитарист.
2021  Барбара Шели — британска глумица.
2023  Зоран Калезиќ — српски пејач на народна музика.