49-ти новозеландски парламент

49-тиот новозеландски парламент (анг. 49th New Zealand Parliament) бил избран на изборите во 2008 г. Парламентот брои 120 пратеници и ќе функционира од 2008, па сѐ до следните избори. Максималниот период на служба (мандат) на еден парламент во Нов Зеланд е 3 години, што значи дека истиот не може да трае подолго од доцните месеци на 2011 г.

Нов Зеланд употребува пропорционален изборен систем со мешано членство (MMP) за избирање на членовите на парламентот. 70 членови на 49-тиот парламент се претставници на географски изборни единици: 16 од Јужниот Остров, 47 од Северниот Остров и седум пратенички места резервирани за маорските гласачи. Останатите 50 (или повеќе ако се јави вишок пратеничко место) се избираат од државните партиски списоци за да се реализира пропорционалноста. 48-миот новозеландски парламент има едно вишок место.

49-тиот парламент ќе има нов претседател (наречен „спикер“), бидејќи Маргарет Вилсон нема повторно да се кандидира за таа функција.

Изборни резултати уреди

Наведените податоци се провизорни[1] по податок од 01:35, 9 ноември месно време; меѓутоа подробните резултати може да останат недоразјаснети сѐ до последното пребројување.


e • d  Преглед на резултатите од новозеландските парламентарни избори од 8 ноември, 2008
партија гласови % од гласовите места
% промена изб. единица листа вкупно промена
Национална 951,145 45.45 +6.36 41 18 59 +11
Лабуристичка 706,666 33.77 -7.33 21 22 43 -7
Зелена 134,622 6.43 +1.13 0 8 8 +2
АКТ 77,843 3.72 +2.21 1 4 5 +3
Маорска 46,894 2.24 +0.12 5 0 5 +1
Прогресивна 19,536 0.93 -0.23 1 0 1 0
Обединета Иднина 18,629 0.89 -1.78 1 0 1 -2
останати партии 137,452 6.57 -0.48 0 0 0 -7
вкупно 2,092,787 100.00 70 52 122 +1
неформални гласови ?
отфрлени специјални гласови ?
вкупно гласови 2,103,842
излезност 78.69%


Изборни пратеници уреди

Пратеници од партиските Списоци уреди

Наводи уреди