28 јануари (настани)

шаблон на Викимедија
1821  Прогласена е независноста на Перу, со што, сепак, не било дефинитивно завршено речиси 300-годишното колонијално владеење на Шпанија во таа латиноамериканска земја. Шпанија се обидувала уште три години да ја наметне својата власт во Перу.
1871  Франција капитулираше во војната со Прусија и го предаде Париз.
1878  Во Њу Хевн, САД пуштена е во употреба првата телефонска централа, по две години откако Александар Грејам Бел го патентираше телефонот.
1918  Владимир Илич Ленин, од името на Советот на народните комесари на Советска Русија, потпиша указ за формирање на Црвената армија.
1919  Воведување на грегоријанскиот календар во Македонија, согласно реформата во целото Кралство СХС. Црковниот останал јулијански.
1945  Во Скопје е отворена првата државна градинка во Македонија, за престој на деца од 4 до 7-годишна возраст, на кои им беа обезбедени храна и воспитување преку денот, додека нивните родители беа на работа.
1986  Две минути по полетувањето во вселената, американскиот вселенски брод „Челенџер“, експлодира над Кејп Канаверал и во парчиња се урна во водите на Атлантикот. Тоа беше најголемата несреќа што се случила во космичките летови во која загинаа сите седум членови на екипажот.