27 февруари — 58-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 307 денови до крајот на годината (308 во престапна).

Настани:

1844  Доминиканската Република стекнала независност од Хаити
1900  Основан е ФК Баерн Минхен
1900  Основана е британската Лабуристичка партија
1908  Во Битола е основано работничкото просветно друштво „Класно сознание“, кое ги ширело социјалистичките идеи меѓу работниците.
1921  Во Виена е основана Втората и пол интернационала.
1933  Запалена е зградата на Рајхстагот во Берлин.
1967  Доминика добила независност од Британија.
1976  Револуционерното движење „Полисарио“ ја прогласила поранешната шпанска колонија Западна Сахара за самостојна држава.
1989  Во Венецуела се случиле масовни немири, познати како Каракасо.
1996  Република Македонија и Република Грција воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво.

Родени:

272  Константин Iримски цар, познат и како Константин Велики, основач на градот Цариград.
1846  Франц Меринг — германски социолог и историчар, еден од водачите на левото крило на германската социјалдемократија и еден од основачите на Комунистичката партија на Германија.
1867  Ирвинг Фишер — американски економист.
1873  Енрико Карузоиталијански оперски пејач, тенор.
1902  Џон Стајнбек — американски писател.
1913  Ирвин Шо — американски писател.
1923  Декстер Гордон — американски џез-музичар.
1928  Ариел Шарон — израелски премиер.
1929  Џалма Сантос — бразилски фудбалер.
1932  Ласло Шароши — унгарски фудбалер.
1932  Елизабет Тејлор — британско-американска глумица.
1951  Стив Харли — англиски рок-музичар, член на групата Кокни ребелс (Cockney Rebels).
1961  Џејмс Ворти — американски кошаркар.
1967  Владо Јовановски — македонски глумец.
1971  Дерен Браун — англиски илузионист и менталист.
1978  Кахабер Калаѕе — грузиски фудбалер.
1986  Жонатан Мореира — бразилски фудбалер.
1993  Алфонс Ареола — француски фудбалски голман.

Починале:

1887  Александар Бородин — руски композитор.
1936  Иван Павлов — руски научник, лекар-физиолог, познат по Павловиот условен рефлекс.
1990  Михаил Петрушевски — македонски академик, филолог, еден од основачите на Филозофскиот факултет во Скопје.
2008  Мира Алечковиќ — српска поетеса.
2013  Александар Лековски — македонски диригент и композитор.

Празници:

1844  Доминиканска Република — Ден на независноста