<< октомври >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05
06 07 08 09 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31
2024

24 октомври — 297-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (298-и во престапна година). Остануваат 68 денови до крајот на годината.

Настани:

1795  Русија, Австрија и Прусија ја поделиле територијата на Полска.
1797  Лима, главниот град на Перу, е разурнат од силен земјотрес, при што загинале околу 5.000 луѓе.
1857  Во Шефилд, Англија формиран е ФК Шефилд, најстариот фудбалски клуб во светот.
1918  Сфаќајќи дека со распаѓањето на Австроунгарија целосниот пораз на централните сили е неизбежен, царот Карло побара интервенција од Католичката црква за прекинување на војната. Меѓутоа, интервенцијата на Ватикан немаше успех. Сојузниците продолжија со операцијата и ги натераа Австроунгарија и Германија на безусловна капитулација.
1945  Стапи во сила Повелбата на Организацијата на обединетите нации, која заедно со Статутот на Меѓународниот суд, претставува темелен документ за устројството и дејствувањето на оваа светска организација. Тој ден се одбележува како „Ден на ООН“.
1992  Во Тетово е формиран Сојуз на албанските жени.
1997  На 5 км под површината на Индискиот Океан, нуркачите го американскиот брод кој носел 2.000 тони сребро, кое претседателот Рузвелт му го испратил на Сталин во 1944 г. Рузвелт сакал да им помогне на Русите во борбата против Хитлер, но планот пропаднал кога германскате подморници го потопиле. Во бродот имало сребро во вредност од најмалку 330 милиони долари.

Родени:

51  Домицијан — римски цар.
1668  Петр Брандл — чешки сликар.
1865  Григор Ќуркчиев — македонски генерал во Бугарската армија, учесник во Балканските војни.
1882  Имре Калман — унгарски композитор.
1913  Тито Гобииталијански оперски пејач, баритон.
1914  Џонас Едвард Салк — американски микробиолог.
1915  Боб Кејн — американски уметник, создавач на анимираниот јунак Бетмен.
1930  Јохан Галтунг — норвешки пацифист.
1938  Бил Вајман — англиски рок-музичар, член на групата „Ролинг Стоунс“.
1943  Христо Георгиевски — македонски поет, есеист, критичар, книжевен историчар.
1947  Марин Бабиќ — македонски глумец.
1960  Малколм Тарнбулпремиер на Австралија.
1960  Љубе Бошкоски — македонски политичар.
1966  Роман Абрамович — руски бизнисмен и политичар.
1985  Вејн Руни — англиски фудбалер.
1986  Дрејк — канадски рапер.
1990  Илкај Гундоган — германски фудбалер.
1996  Џејлен Браун — американски кошаркар.

Починале:

996  Иго Капет — крал на Франција од Капетинската династија.
1535  Франческо II Сфорца — милански војвода.
1537  Џејн Симор — третата сопруга на англискиот крал Хенри VIII.
1725  Алесандро Скарлати — италијански композитор.
1912  Доксим Михајлов — војвода на Српскиот комитет на четничката акција.
1957  Кристијан Диор — француски моден творец.
1991  Џин Роденбери — американски режисер.
2005  Роза Паркс — американска активистка за човекови права.
2015  Морин О'Хара — американска филмска глумица.
2022  Лесли Џордан — американски глумец.

Празници:

  Ден на ООН