1 јануари (настани)

шаблон на Викимедија
45 п.н.е.  Започнал да се применува новиот календар, денес познат како јулијански календар.
404  Последната гладијаторска борба во римскиот колосеум.
439  Објавен е Теодосиевиот законик, најголемата збирка на римски закони во тој период.
1651  Чарлс II е крунисан за крал на Шкотска.
1801  Церера, првиот познат астероид е откриен од Џузепе Пјаци.
1804  Независност на Хаити од Франција.
1818  Мери Шели го објави романот за чудовиштето на Франкенштајн.
1880  Фердинанд Лесепс ја започна изградбата на Панамскиот Канал.
1892  Островот Елис е отворен како место каде се примаа првите имигранти во Соединетите Американски Држави.
1901  Британските колонии Нов Јужен Велс, Квинсленд, Јужна Австралија, Тасманија и Западна Австралија го формираат Австралискиот Сојуз; Едмунд Бартон е избран за прв премиер.
1908  За првпат пуштена топка изработена од кристали и електрични светла плоштадот Тајмс сквер во Њујорк, отпочнувајќи традиција на сите понатамошни прославувања на Новата Година во градот.
1909  Во Битола излезе првиот број на весникот „Работничка искра“ на бугарски јазик како орган на македонските социјалисти. Прв уредник на весникот беше Васил Главинов.
1925  Главниот град на Норвешка го промени името во денешното Осло. Претходното име, Кристијанија, го носеше од 1624 година.
1932  Во Виена се одржа првиот Новогодишен концертВиена се одржа првиот Новогодишен концерт.
1942  Во Вашингтон 26 држави од целиот свет ја потпишаа Декларацијата на Обединетите Нации.
1945  Во Скопје излезе првиот број на сатирично - хумористичниот весник „Остен“.
1948  Основана е Државната опера на Народна Република Македонија
1959  За време на Кубанската револуција, Фидел Кастро го симна од власт дотогашниот кубански претседател Фулгенцио Батиста.
1965  Под водство на водачот на движењето Ал Фатах, Јасер Арафат, формирана е Палестинската ослободителна организација - ПЛО.
1982  Перес де Куељар стана првиот Латино-американец, Генерален секретар на Обединетите Нации.
1990  формирана е политичката партија НДП.
1995  Започна со работа Светската трговска организација.
1997  Здружението на издавачите и книжарите на Македонија е примено во Меѓународната асоцијација на издавачите со седиште во Женева.
2002  Еврото започна да се користи во повеќето членки на Европската унија.
2006  Почна примената на Законот за заштита од пушењето.
2007  Влез на Бугарија и Романија во Европската Унија.
2017  Поранешниот премиер на Португалија од Социјалистичката партија, Антонио Гутерес станува Генерален секретар на ООН.