1799
|
Во текот на походот на Египет група војници на Наполеон го пронашле Каменот од Розета, што му овозможило на Шамполион да ги дешифрира хиероглифите.
|
1870
|
Почна француско-пруската војна. Французите беа поразени за неколку месеци, а војната заврши со мировниот договор склучен во Франкфурт, во мај 1871 година.
|
1900
|
Во Лајпциг, Аугуст Велер, професор по физиологија, во својот кабинет го прикажа епохалниот изум - кардиографот, кој денеска претставува основа за научно испитување на срцевите заболувања.
|
1941
|
Британскиот премиер Винстон Черчил ја започнува кампањата со име „В за победа“ (V for Victory) во текот на Втората светска војна.
|
1943
|
Во борбите во Сицилија, сојузниците со ескадрили бомбардери го нападнаа Рим.
|
1956
|
водачите на СФР Југославија, Индија и Египет - Јосип Броз Тито, Џавахарлал Нехру и Гамал Абдел Насер ја потпишуваат Брионската декларација за заедничка противблоковска политика, што го означува почетокот на создавањето на Движењето на неврзаните земји.
|
1967
|
Македонската православна црква прогласи автокефалност.
|