<< мај >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04
05 06 07 08 09 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31
2024

16 мај — 136-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (137-и во престапна година). Остануваат 229 денови до крајот на годината.

Настани:

1795  Филип Пинел, француски природонаучник и лекар за душевни болести, во париската болница „Салпетриер“, отвори прво одделение за душевни болести.
1943  Германските нацисти го задушија востанието, кое на 19 април 1943 година почна во Варшавското гето, едно од најголемите што за Евреите го изгради хитлеровата власт по окупацијата на Полска. Од 70.000 жители во гетото загинаа 13.000. Се спасија само околу 80-тина жители.
1974  Собранието на СФРЈ го прогласи Јосип Броз Тито за доживотен претседател на државата.
2007  Николас Саркози ја презеде претседателската функција во Франција.

Родени:

1611  Инокентиј XIримски папа.
1817  Николај Костомаров — руски историчар.
1821  Пафнутиј Чебишов — руски математичар.
1883  Џелал Бајарпретседател на Турција.
1890  Марио де Са-Карнеиро — португалски писател.
1898  Десанка Максимовиќ — српска поетеса († 1993)
1898  Растко Петровиќ — српски поет, патописец и дипломат.
1905  Хенри Фонда — американски филмски глумец.
1923  Мертон Милер — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1990 година.
1924  Дауд Џавара — гамбиски државник.
1925  Нилтон Сантос — бразилски фудбалер.
1927  Павлина Апостолова — македонска оперска пејачка.
1928  Петар Костов — македонски писател.
1931  Вујадин Бошков — српски и југословенски фудбалски тренер.
1946  Роберт Фрип — англиски гитарист.
1953  Пирс Броснан — ирски глумец.
1954  Зоран Анчевски — македонски поет, есеист и преведувач.
1955  Перица Мартиновиќ — хрватска глумица.
1955  Клаудио Гарела — италијански фудбалски голман.
1960  Петар Георгиевски — македонски фудбалер.
1964  Решат Ахмети — македонски академски сликар.
1965  Крис Новоселич — американски рок-музичар, член на групата Нирвана.
1966  Џенет Џексон — американска пејачка.
1970  Габриела Сабатини — аргентинска тенисерка.
1973  Тори Спелинг — американска глумица.
1974  Лаура Паузини — италијанска поп-пејачка.
1980  Сајмон Геранс — австралиски велосипедист.
1986  Меган Фокс — американска глумица и фото-модел.
1989  Фелипе — бразилски фудбалер.
1991  Георги Димитров — бугарски тенисер.

Починале:

1830  Жозеф Фурје — француски математичар и физичар.
1926  Мехмед VI — последниот отомански султан.
1943  Илија Антевски - Смок — припадник на напредното студентско и комунистичко движење на Македонија.
1953  Џанго Рајнхард — француски гитарист.
1985  Жан Дифибе — француски вајар и архитект.
1917  Владислав Петковиќ - Дис — српски поет.