13 декември (настани)

шаблон на Викимедија
1294  По пет месеци по изборот, папата Целестин V абдицирал за да се посвети на испосништвото. Тоа е единствен случај на абдикација на папа.
1545  Започнал Соборот од Тренто, XIX вселенски собор на католичката црква, кој со прекини траел 18 години.
1642  Холандскиот морепловец Абел Тасман бил првиот Европеец кој стигнал до Нов Зеланд.
1992  На границата меѓу Република Македонија и Албанија беа отворени три нови гранични премини.
1995  Генералното собрание на ООН во Њујорк, со мнозинство гласови гласаше во полза за итно запирање на јадрените проби кои се изведуваат во Франција и Кина, единствени земји што изведуваат контроверзни проби.