Предлошка:Октомври 2024

12 октомври — 285-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (286-и во престапна година). Остануваат 80 денови до крајот на годината.

Настани:

539 п.н.е.  Персискиот цар Кир од Ахеменидската династија го освоил Вавилон.
1492  Прочуениот Италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигнал на бахамскиот остров Гуанахани, откривајќи ја на тој начин Америка. Колумбо на овој пат тргнал со три брода : „Санта Марија“, „Ниња“ и „Пинта“. Во текот на патувањето ги открил Куба и Хаити, каде што оставил дел од своите луѓе и се вратил во Шпанија. Подоцна, уште неколкупати одел на слични патувања.
1822  Бразил се стекнува со независност. Дотогаш оваа земја била португалска колонија.
1941  Во Прилеп, бугарската полиција уапсила 900 граѓани како репресија поради нападот на Прилепскиот партизански одред на бугарската полициска станица, на затворот и на телеграфско-телефонската мрежа, претходниот ден. По малтретирањето биле издвоени членовите на КПЈ и на СКОЈ и префрлени во Битола, а потоа изведени пред суд.
1941  На денешен и утрешен ден, германските нацисти стрелале 11.000 Евреи во Днепропетровск, Украина.
1964  СССР го лансирал вселенскиот брод „Восход-1“ со пилотот Владимир Комаров, научникот Константин Феоктисов и лекарот Борис Егоров.
1969  СССР го лансирал вселенскиот брод „Сојуз-7“ со екипаж од три члена, кои во вселената се сретнале со двајцата членови на екипажот на претходно лансираниот брод „Сојуз-6“.
1994  Во селото Гиновци, во близина на Крива Паланка започнала изградбата на железничката пруга Куманово - Бељаковци - Деве Баир. Започнат како брзо решение против блокадата кон Србија и Грција, проектот не е завршен ни по 14 години.
1995  На состанокот на Постојаниот комитет на ОБСЕ во Виена, Република Македонија била премина во редовно членство.
1999  На овој ден е прогласено раѓањето на 6-милијардитиот жител на планетата Земја.

Родени:

1350  Дмитриј Донски — руски кнез
1873  Надежда Петровиќ — српска сликарка.
1874  Андонис Влахакисандартски капетан.
1896  Еуџенио Монталеиталијански поет, најголем претставник на италијанскиот херметизам.
1935  Лучано Павароти — италијански тенор.
1944  Драгутин Чермак — српски и југословенски кошаркар и тренер.
1962  Бранко Црвенковски — македонски политичар, втор премиер и трет претседател на Република Македонија.
1966  Роберто Сенсини — аргентински фудбалер.
1968  Хју Џекмен — австралиски глумец.
1975  Мерион Џонс — американска атлетичарка и кошаркашка.
1977  Боде Милер — американски скијач.
1979  Ренато Сулиќ — хрватски ракометар.
1981  Шола Амеоби — нигериски фудбалер.
1987  Дамијано Карузо — италијански велосипедист.
1997  Никола Миленковиќ — српски фудбалер.

Починале:

1875  Жан Батист Карпофранцуски вајар
1924  Анатол Франсфранцуски писател, добитник на Нобеловата награда.
1946  Хајнрих фон Штакелберг — германски економист.
1971  Џин Винсент — американски рокенрол музичар.
1996  Рене Лакостфранцуски тенисер.
1997  Џон Денвер — американски кантри-музичар.
1999  Вилт Чемберлен — американски кошаркар.
2021  Драгутин Чермак — српски и југословенски кошаркар и тренер.