Предлошка:Јануари 2024 11 јануари — 11-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 354 денови до крајот на годината (355 во престапна).

Настани:

1693  Во земјотресот што се случи во Катанија, Италија, загинаа околу 80.000 луѓе.
1897  САД и Велика Британија се согласија со арбитража да ги регулираат границите меѓу Канада - британски доминион и Алјаска, огромна територија од 1,5 милиони квадратни километри, која Американците во 1867 година ја купија од Русија за 7,2 милиони долари. Утврдените граници се непроменети до денес.
1945  Во Скопје е одржана Првата конференција на балканската младина на која присуствуваа делегати од Југославија, Грција, Албанија и Бугарија. Меѓу другото, беше донесена Резолуција за зближување на младината од балканските земји.
1994  Република Финска и Република Македонија воспоставиле дипломатски односи.
1995  Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Република Романија и со Кралството Саудиска Арабија.

Родени:

347  Теодосиј Iримски цар.
1814  Танкреди Пазероиталијански оперски бас-пејач.
1842  Вилијам Џејмс — американски психолог.
1920  Славко Јаневски — македонски писател.
1923  Јово Камберски — македонски писател.
1941  Жерсон — бразилски фудбалер.
1951  Фредерик Мишкинамерикански економист.
1957  Брајан Робсон — англиски фудбалер и тренер.
1961  Жан Митрев — македонски кардиохирург.
1963  Мија Беговиќ — југословенска и хрватска глумица.
Евгенија Образцоваруска балерина.
1963  Роланд Волфарт — германски фудбалер.
1968  Саша Ќириќ — македонски фудбалер.
1975  Матео Ренципремиер на Италија.
1985  Жозе Семедо — португалски фудбалер.
1987  Џејми Варди — англиски фудбалер.
1988  Камерон Мајер — австралиски велосипедист.
1992  Дани Карвахал — шпански фудбалер.
1993  Филип Стојковиќ — црногорски фудбалер.
1996  Лирој Сане — германски фудбалер.

Починале:

705  Јован VI — римски папа.
1801  Доменико Чимарозаиталијански композитор, претставник на Неаполската оперска школа.
1928  Томас Харди — англиски писател.
1923  Константин I — грчки крал.
1941  Емануел Ласкер — германски шахист.
1966  Алберто Џакомети — италијанско-швајцарски вајар и сликар.
1990  Асен Тодоров — еден од доајените на македонското новинарство.
2008  Едмунд Хилари — првиот освојувач на Монт Еверест.