Што да очекуваш кога очекуваш (филм)

„Што да очекуваш кога очекуваш“ е американски филм (романтична комедија) од 2012 година, во режија на Кирк Џонс, по сценариото на Шона Крос и Хедер Хач. Главните улоги ги играат: Камерон Дијаз, Џенифер Лопес, Елизабет Бенкс, Чејс Крафорд, Бруклин Декер, Ана Кендрик, Метју Морисон, Денис Квејд, Крис Рок и Родриго Санторо. Исто така, во филмот на кратко се појавуваат и други славни личности како кошаркарот на НБА - Двејн Вејд, поранешната глумица од серијата The Hills - Витни Порт, глумицата од Вил и Грејс - Меган Мјулели, членката на групата „Girls Aloud“ и судијката во шоуто „X Factor“ - Шерил Кол, кореографот од музичкото шоу „Мислите дека знаете да танцувате?“ (од анг. You think you can dance) и гостин-судија - Тајс Диорио и членот на музичката група „Black Eyed Peas“ - Табу. Филмот за првпат се прикажа на 18 мај 2012 година.

„Што да очекуваш кога очекуваш“
Податотека:What to Expect When You're Expecting.jpg
Филмски постер
РежисерКирк Џонс
ПродуцентМајк Медавој
Арнолд Месер
Дејвид Твејтс
Главни улогиКамерон Дијаз
Џенифер Лопес
Елизабет Бенксs
Чејс Крафорд
Бруклин Декер
Ана Кендрик
Метју Морисон
Денис Квејд
Крис Рок
Родриго Санторо
МузикаМарк Мадерсбо
КинематографијаХавиер Перес Гробет
МонтажаМајкл Беренбом
СтудиоAlcon Entertainment
Phoenix Pictures
What to Expect Productions
Georgia Public
ДистрибутерLionsgate Films
Премиерамај 18 2012 (2012-05-18)
Времетраење110 минути
ЗемјаСоединетите Американски Држави
Јазиканглиски
Буџет40 милиони долари
Бруто заработка83,9 милиони долари
Што да очекуваш кога очекуваш

Воведен дел уреди

Во оваа приказна се зборува за петте двојки од Атланта коишто ги уживаат многуте задоволства за време на бременоста. Ремзи и Скајлер се венчани. Синот на Ремзи, Гери е венчан со Венди. Братучетка ѝ на Скајлер е Роси, којашто е во врска со Марко. Гери присуствуваше на програмата за слабеење на Џулс. Таа се запозна со танцувачот Еван во едно шоу посветено на натпреварување во танцување и сега тие ќе имаат бебе. На крај, за да се поврзе сè, фотограферката на Венди е Холи (којашто е мажена за Алекс) и Венди ѝ предлага на Скајлер понатаму да ја ангажира Холи за нејзините фотографии.

Продукција уреди

Чејс Крафорд, Бруклин Декер, режисерот Кирк Џонс и Елизабет Бенкс присуствувале на премиерата во Њујорк. Филмот „Што да очекуваш кога очекуваш“ се заснова на истоимената книга, којашто ја напишаа Хајди Маркоф и Шерон Мејзел, а сценариото го адаптираше Хедер Хач и го преработи Шона Крос. Кирк Џонс е режисер на филмот. На 14 јануари 2010 година, филмското студио „Lionsgate“ од „Phoenix Pictures“ ги доби правата за прикажување на филмот во целиот свет. На 9 јули 2011 се одржа јавен повик за распределба на улогите на бремени жени и Етиопјанци. Филмот започна со сликање на целата глумечка екипа во Атланта на 19 јули 2011 година. На 26 јули, снимањето продолжи во Мидтаун, на Пичтри Стрит, близу до „High Museum“ и во паркот во Пиемонт.

Прифатеност уреди

Критики уреди

Филмот добил оценка од 23% на Rotten Tomatoes, од 127 критики. Најголемиот дел од критиките од филмските критичари биле негативни. Питер Траверс од весникот Rolling Stone го оценил филмот со еднаипол ѕвездичка и пишува дека самиот филм „те тера да повратиш“, но ја фали избраната глумечка екипа. Мат Стивенс од сателитската телевизиска мрежа E! Online дава негативни критики за филмот и изјавува дека шегите се „очигледни“ и „малку драма би можела да го извади од списокот на „Многу посебна епизода“ од жанрот „комедија на ситуација“ – и сè да се реши веднаш после паузата за реклами“. Помеѓу другите критичари, Бетси Шарки од весникот „Los Angeles Times“ ја забележа збрката во филмот којшто брзо се шири и подробно ја опишува бременоста во петте двојки и напишала дека „Наместо да се даде занимливо објаснение на почетокот, во филмот се прави збрка“. Весникот New York Daily News го оцени филмот со триипол ѕвездички и напиша: „За среќа, и да не си родител, филмот е едно прилично пријатно и забавно патување со единствена порака и до родителите и до оние кои некогаш имале мајка или татко“ и дека најтрогателниот момент во филмот е сцената кога улогата на Џенифер Лопес патува во Етиопија за го земе детето коешто го посвојува.