Штолен (германски: Stollen) e овошен колач налик на леб, што содржи суво овошје, и често е прекриен со шеќер во прав. Овој вид на бал леб се прави со сечкани парчиња кандирано овошје, јатки и зачини. Штолен е традиционален германски леб, кој вообичаено се служи за време на Божиќ, кога се нарекува Божиќен штолен (Weihnachtsstollen).

Штолен
Божиќен штолен
ВидОвошен колач
Дел од оброкотДесерт
Место на потеклоГерманија
РегионСаксонија

Штолен е вид на колач или сладок леб, кој се подготвува со квасец, вода и брашно, како и рендана кора од портокал додадена во тестото. Се додава зашеќерено овошје, зашечерена кора од портокал, суво грозје и бадеми, а од зачини најчесто кардамон и цимет. По желба, се додаваат и други состојки, како: млеко, шеќер, путер, сол, рум, јајца,[1] ванила,[2] друг вид суво овошје, јатки и марципан. Откако ќе се испече, се поросува со шеќер во прав. Традиционално, готовиот штолен треба да тежи околу 2.0 kg (4.4 lb), но постојат и помали колачи.

Историја уреди

 
Штолен

На почеток, овој колач содржел само брашно, овес и вода,[3] а за првпат е печен за божиќните празници на Трентскиот собор во 1545 година,[4] подготвен само со брашно, квасец, зејтин и вода. Бидејќи било време на постови, пекарите не смееле да употребат путер, па вака подготвениот колач немал добар вкус, и бил многу тврд.[5] Во 15 век, во Саксонија, кнезот Ернест (1441–1486) и неговиот брат, војводата Албрехт (1443–1500) решиле да се пожалат за ова до папата во Рим. Во Саксонија пекарите требало да користат путер, затоа што маслото било многу скапо и тешко се набавувало.

Папата Никола V (1397–1455), во 1450 го одбил првото барање. Се смениле пет папи додека конечно, Папата Инокентиј VIII, (1432–1492)[4] во 1490 година му испратил писмо на кнезот, познато како „Путер-писмо“, во кое одобрил користење на путер без да треба да се плати данок. Одобрувањето важело само за семејството на кнезот. Останатите смееле да користат путер, но само ако плателе годишен данок, а овие пари се користеле за изградба на катедралата во Фрајберг. Забраната за користење на путер била тргната кога Саксонија станала протестантска.

Со време, лебот од обичен и најчесто бесвкусен, се претворил во сладок леб со богати состојки, каков што денес го знаеме.

Штолен фестивал во Дрезден уреди

Дрезденскиот штолен за првпат е споменат во официјален документ во 1474 година.[5] Колачот штолен роизведен во Дрезден, и има посебен печат, на кралот Август II Силниот. Ваквиот „официјален“ штолен, го произведуваат само околу 150 пекарници во Дрезден.

Штолен фестивалот се одржува секоја година во Дрезден, со историска пауза од 1918 до 1994 година. Божиќниот пазар во Дрезден (Striezelmarkt), за првпат е споменат во хрониките во 1474 година.[4] Денес, фестивалот се одржува во сабота, пред втората недела од Божиќ, а колачот што се подготвува за тој настан, тежи од три до четири тони. Со кочија се носи на парада низ улиците на Дрезден до Божиќниот пазар, каде свечено се сече на парчиња и им се дава на пристуните. Цената е симболична, а собраните пари се даваат како доброволен прилог. Огромниот штолен се сече со специјален нож, наречен „Голм дрезденски нож за штолен“ (Grand Dresden Stollen Knife), кој е посребрен, 1.60 метри долг и тежок е 12 кг. Овој нож претставува копија на ножот од 1730 година, со кој се сечел колачот.[6]

Најголемиот штолен е подготвен во 2010 година од страна на Лидл на железничката станица во Харлем: 72.1 метри долг, и е запишан во Гинисовата книга на рекорди.[7]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. [Recipe for Dresdner Weihnachtsstollen Mimi Sheraton, The German Cookbook, from Random House]
  2. Dresden Christmas Bread
  3. Von Gänsen, Karpfen, Lebkuchen und Stollen Архивирано на 11 јуни 2007 г. Dtsch Med. Wochenschrift 2003;128: 2691–2694 (p. 4)
  4. 4,0 4,1 4,2 Stollen history
  5. 5,0 5,1 www.dresden.de[мртва врска]
  6. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Stollen knife.
  7. "[1]," Biggest stollen Haarlem.