Штировица

поранешно реканско село на територијата на денешна Општина Гостивар

Штировица — историско село во областа Река, северозападна Македонија, денес во атарот на с. Бродец, Општина Гостивар. Жителите биле Македоци-Шкрети од исламска вероисповед, заведувани како „Албанци“.

Штировица

Штировица во 1907 г.

Штировица во рамките на Македонија
Штировица
Местоположба на Штировица во Македонија
Штировица на карта

Карта

Координати 41°47′20″N 20°37′55″E / 41.78889° СГШ; 20.63194° ИГД / 41.78889; 20.63194
Општина Гостивар
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 1.469 м
Штировица на општинската карта

Атарот на Штировица во рамките на општината
Штировица на Ризницата

Географија уреди

Остатоците од селото се наоѓаат во областа Горна Река, на подножјето на Кораб, по течението истоимената река Щировица, притока на Радика.

Историја уреди

Во XIX век Штировица било шкретско село во Реканската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Штировица (Chtirovitza) имала 100 домаќинства, со 235 „Албанцимуслимани.[2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 400 жители „Арнаутимуслимани.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Штировица се води како чисто албанско село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 90 куќи.[4]

Личности уреди

Родени

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 174-175.
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр.264.
  4. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 49.