Штајнбург
Штајнбург (германски: Steinburg) — округ во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се граничи со (од запад надесно) окрузите Дитмаршен, Рендсбург-Екернферде, Зегеберг и Пинеберг и со реката Елба (на спротивната страна на реката се наоѓа округот Штаде).
Штајнбург Kreis Steinburg | ||
---|---|---|
округ | ||
Земја | Германија | |
Покраина | Шлезвиг-Холштајн | |
Седиште | Ицехо | |
Површина | ||
• Вкупна | 1.056 км2 (408 ми2) | |
Население (31 декември 2020)[1] | ||
• Вкупно | 130.706 | |
• Густина | 120/км2 (320/ми2) | |
Часовен појас | CET (UTC+1) | |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Рег. таб. | IZ | |
Мреж. место | kreis-steinburg.de |
Историја уреди
Името на округот е изведено од истоимениот средновековен замок, од каде владееле војводите на Холштајн. Овој замок бил првпат споменат во 1307 година, а бил напуштен и урнат во 1630 година. Меѓутоа, името останало да важи за целата област, а негово ново средиште станал Гликштат пред постепено да биде преземен од Ицехо.
Кога Шлезвиг-Холштајн станала покраина на Прусија во 1867 година бил основан округот Штајнбург. Границите останале непроменети до 1970 година, кога новосоздадениот град Шенефелд (порано дел од округот Рендсбург) се приклучил на Штајнбург.
Географија уреди
Округот се наоѓа на северниот брег на реката Елба, близу нејзиното устие. Внатрешноста на округот е многу рамна. Реката Штер, десна притока на Елба, тече низ округот. Денес, градовите во Штајнбург, постепено стануваат дел од растечката метрополитенска област Хамбург. Најниската точка во цела Германија со 3,54 метри под морето се наоѓа близу градот Вилстер во округот Штајнбург, додека највисока точка во Штајнбург е Ицешпице (83,4 м).
Грб уреди
Грбот прикажува замок (претставувајќи го замокот Штајнбург) над брановита линија (реката Елба). Под кулите на замокот се наоѓаат три штита прикажувајќи го Исус, лист од коприва (од грбот на Холштајн) и лебед. |
Градови и општини уреди
Слободни градови |
---|
Општински заедници | ||
---|---|---|
|
|
|
1седиште на општинската заедница;2град |
Наводи уреди
Надворешни врски уреди
- Штајнбург на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)