Штадланд (германски: Stadland) — општина во округот Везермарш, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на левиот брег на реката Везер, околу 32 километри североисточно од Олденбург и 42 километри северозападно од Бремен. На запад се граничи со Јадскиот Залив. Административното седиште е во селото Роденкирхен.

Штадланд
Црква во Роденкирхен
Црква во Роденкирхен
Црква во Роденкирхен
Грб на Штадланд
Штадланд во рамките на Германија
Штадланд
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Везермарш
Градоначалник Клаус Рибезамен (СДП)
Основни податоци
Површина 113,38 км2
Надм. височина 1 м
Население 7.490 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 66 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. BRA
Пошт. бр. 26935, 26936, 26937
Повик. бр. 04732 (Роденкирхен), 04737 (Швај), 04734 (Зефелд), 04731 (Клајнензил)
Портал www.stadland.de
Местоположба на Штадланд во рамките на округот Везермарш
Карта
Карта
Координати 53°23′0″N 8°23′0″E / 53.38333° СГШ; 8.38333° ИГД / 53.38333; 8.38333

Географија уреди

Местоположба уреди

Општината Штадланд ја зафаќа површината на некогашната историска област Штадланд. Заедно со областа Бутјадинген претставува полуостров помеѓу Везер и Јадскиот Залив и е една од најрамните области во Германија со височина помеѓу 1,2 и 0,8 метри надморска височина.

Соседни општини уреди

Општината Штадланд се граничи на северозапад со општината Бутјадинген и на североисток со градот Норденхам. На исток се граничи со Долен Везер, а на запад со Јадскиот Залив. На југоисток се наоѓа градот Браке, на југ со општината Овелгене и на југозапад со општината Јаде. Сите општини припаѓаат на округот Везермарш.

Општински единици уреди

Општината се состои од местата Роденкирхен, Швај, Зефелд и Клајнензил.

Наводи уреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски уреди