Шиштавец

село во Албанија

Шиштавец (албански: Shishtavec) — село во административниот регион Кукуш во североисточна Албанија. Во минатото Шиштавец беше седиште на истоимената општина, но во 2015 со локалната реформа за самоуправа стана дел од општината Кукуш.[1]

Шиштавец
Shishtavec
село
Поглед на селото
Поглед на селото
Шиштавец is located in Албанија
Шиштавец
Шиштавец
Координати: 41°59′N 20°36′E / 41.983° СГШ; 20.600° ИГД / 41.983; 20.600Координати: 41°59′N 20°36′E / 41.983° СГШ; 20.600° ИГД / 41.983; 20.600
Земја Албанија
ОбластКукуш
ОпштинаКукуш
Надм. вис.&100000000000013000000001.300 м
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)

Селото се состои од околу 300 домаќинства со над 1 800 жители-Горанци. Областа е дел од поширокиот регион Гора, од кој поголемиот дел лежи на другата страна од границата (денес Косово).

Горанците во Албанија воглавно се изјаснуваат како Албанци, за разлика од Горанците во Косово и Македонија. Од неодамна има обиди за нивно признавање како посебна етничка група, како и обиди да се претстават како население со српски, македонски или бугарски идентитет.

Околу 250 хектари компир се садат на годишно ниво во Шиштавец.[2]

Според пописот од 2011 г. 68.3% од населението во општината се идентификувале како етнички Албанци, а 7.7% Македонци. Остатокот не прогласиле етничка припадност.[3]

Наводи уреди

  1. Law nr. 115/2014
  2. „Македонците од општините Шиштавец и Стеблево апелираат до владата да се најде решение за пласман на компирот“. Makedonium. 1 October 2013. Посетено на 18 July 2014.
  3. „Ethnic composition of Albania 2011“. Посетено на 7 August 2014.