Шестарот — помошен алат за цртање (конструирање) на кружница со даден полупречник околу дадена точка или дел од кружен исечок. Исто така може да се користи и во навигацијата за пренесување на растојанија на карти.

Типови на шестар
Господ го создава светот со помош на шестар
Господ го создава светот со помош на шестар

Шестарот е составен од два крака од кои едниот завршува со игла а другиот служи за пишување. вообичаено е кракот што служи за пишување да биде графит, иако често е и перо со туш. По мерењето на дадениот полупречник иглата се поставува во дадената точка којашто е центар на кружницата и со средството за пишување се исцртува кружницата.

Денес е вообичаено со шестар да се пренесува растојанието меѓу две точки, иако во античко време се сметало дека ако се подигне иглата, тој момент се губи величината на полупречникот.