Шерлок помладиот (филм)

Шерлок помладиот (англиски: Sherlock Jr.) - американски филм од 1924 година во режија на Бастер Китон кој ја игра главната улога, а покрај него настапуваат: Кетрин Мегваер, Џо Китон, Ервин Конели и Ворд Крејн. Во 1991 година, филмот бил сочуван во Националниот филмски регистер на САД.[1]

Синопсис уреди

Млад човек (го игра Бастер Китон) работи во кино-сала, но сонува да биде детектив како Шерлок Холмс. Тој ја посетува саканата девојка (ја игра Мегваер) со скромна бонбониера и прстен, но таму доаѓа друг човек (го игра Крејн), кој од нејзината куќа краде рачен часовник, потоа го продава и на девојката ѝ купува поскапа бонбониера. Кога е откриена кражбата, соперникот му го подметнува доказот на момчето, така што таткото на девојката (го игра Џо Китон) го брка од куќата, обвинувајќи го како крадец. Разочарано, момчето се враќа во кино-салата, пушта еден филм и заспива. Притоа, тој сонува како влегува во филмот во кој еден човек ѝ го краде скапиот ѓердан на својата девојка, а нејзиниот татко го пријавува случајот кај Шерлок Холмс (го игра Китон). Шерлок Холмс доаѓа во домот на девојката, а нејзиното момче и слугата се обидуваат да го убијат Холмс. Тој, пак, го следи крадецот до засолништето на неговата банда, успева да го земе ѓерданот и бега, бркан од крадците. Во меѓувреме, слугата ја заробува девојката, но Холмс ја ослободува и бега со неа при што успешно се ослободува до прогонувачите. Сепак, автомобилот пропаѓа во мало езеро и во мигот кога почнуваат да тонат, кино-операторот се буди. Во меѓувреме, неговата сакана го открива вистинскиот крадец на часовникот и доаѓа во кино-салата. Операторот гледа што прави главниот јунак во филмот што се прикажува и следејќи го неговиот пример, ја зема девојката во прегратка.[2]

Наводи уреди