Шенка Колозова (Добрево, Пробиштипско, 1 февруари 1947) — македонска глумица, најпозната по улогите во Македонските народни приказни.[1]

Шенка Колозова
Родена 1 февруари 1947(1947-02-01)(77 г.)
Националност Македонка
Позната по улогата во:
Македонски народни приказни
Простодушна љубов
Опстанок
Трст виа Скопје
Волшебното самарче
Каца
Во светот на бајките
Занимање глумец
Сопружник Ѓорѓи Колозов
Деца Катерина Колозова

Животопис уреди

Колозова е ќерка на Стоица и Катерина Димитрови (подоцна, Станојкови). Родена е на 1 февруари 1947 во Добрево, Пробиштипско). Дипломирала на Катедрата за јужнословенска книжевност при Филозофскиот факултет во Скопје. Целиот работен век го поминала како професионална глумица во народните театри во Штип и Куманово, а подоцна и во Македонскиот народен театар од Скопје, каде се пензионирала. Во кариерата одиграла над 100 премиери во трите народни театри, и уште 16 премиери со приватниот театар „Колозов“. Таа има одиграно повеќе од 6 000 претстави во овие три театри, не вклучувајќи ги и гостувањата во Велешкиот театар и други театри во Македонија. Најзначајни театарски улоги на Колозова се во претставите „Свирачот на покрив“, „За сите мои синови“, „Електра“ на Еврипид (во улогата на Клитемнестра), „Сè за градината“, „Печалбари“ и други. Покрај глумата, таа е автор на бројни сценарија и драматизации, меѓу кои и Цепенковите народни приказни.[2]

Таа своите пензионерски денови ги поминува во село Велестово, Охрид.

Филмографија уреди

Година Филм Улога
1975 Волшебното самарче ТВ-серија
1975 Простодушна љубов ТВ-филм
1979 Наши години ТВ-серија
1982 Илинден ТВ-серија
1982 Време на летала
1982 Едно лето ТВ-серија
1984 Јуначко колено ТВ-серија
1984 Белото циганче ТВ-серија
1984-1985 Македонски народни приказни ТВ-серија
1984-1985 Легенди и преданија ТВ-серија
1985-1986 Крале Марко јунак стана ТВ-серија
1986-1992 Македонски народни приказни ТВ-серија
1987 Случки од животот ТВ-серија Тинка
1987 Македонски балади ТВ-серија Мајката
1987 Чорбаџи Теодос ТВ-филм
1989-1991 Тврдокорни ТВ-серија
1989 Цвеќе на карпата Секретарка
1989-1993 Еурека ТВ-серија Фраугиза
1989-1991 Трст виа Скопје ТВ-серија Мајката на Дино
1990-1991 Опстанок ТВ-серија Трајанка
1991 Елелига пепелига ТВ-серија
1991 Поштар ТВ-филм
1992 Македонски народни приказни ТВ-серија
1992 Последната Македонска елегија ТВ-филм
1993-1997 Македонски народни приказни ТВ-серија
1994 Прекалени ТВ-серија
1995 Во светот на бајките ТВ-серија
1995 Бус за Дус
1996 Батко Гого нема пари ТВ-филм
1996-2001 Во светот на бајките ТВ-серија
1998-2003 Македонски народни приказни ТВ-серија
1999 Каца ТВ-филм Жената
2000-2001 Светот има осум страни ТВ-серија
2002 Наше маало ТВ-серија
2006-2009 Македонски народни приказни ТВ-серија
2007 Досие-К ТВ-филм Тетка Мара
2008 Куќен совет ТВ-серија
2010 Царската е последна ТВ-филм Царицата
2010-2017 Македонски народни приказни ТВ-серија
2014 Женски итроштини ТВ-филм
2015-2016 Големото прогонство во Кавкасија ТВ-серија Бабата од селото
2017 Детето ќе дојде ТВ-филм Велика
2022 Нема да бидеш сам ТВ-филм Билјана
2023-2024 Македонски народни приказни ТВ-серија

Награди уреди

  • Награда за актерско остварување на Фестивалот "Војдан Чернодрински" за улогата на "Ен Дивер" во претставата "Сите мои синови" (1971)
  • Награда "Гран при" (2006)
  • Награда Св "Јоаким Осоговски" (2012)
  • Награда почесен граѓанин на општина "Пробиштип" (2017)
  • Награда за животно дело "Васил Иљоски" на Фестивалот "Денови на Комедија" во Куманово (2020)
  • Награда за животно дело за Развој и Афирмација на независна театарска сцена за Театар "Колозов" (2021)

Наводи уреди

  1. Ivan Ivanovski (1988). Plodovi na vremeto: teatarski kritiki za dela od makedonski avtori. Kultura.
  2. Шенка Колозова, Народни приказни: драматизации, Фос, Скопје, 1994.

Надворешни врски уреди