Шенгенски договор

Шенгенскиот договор е договор помеѓу европските држави склучен во 1985. и проширен во 1990. кој овозможува напуштање на граничните контроли помеѓу земјите потписнички. Шенгенските одредби се однесуваат на најголемиот дел од европските земји, односно на околу 400 милиони жители и вкупна површина од 4.268.633 км2, кои се нарекуваат Шенген-зона. Одредбите на договорот вклучуваат заедничка политика за влез (вклучувајќи и политика за издавање на единствена Шенген-виза), хармонизација на контролата на надворешните граници, координација преку агенцијата Фронтекс, прекугранична полициска и судска соработка.

Шенгенски договор
Договор помеѓу Владите на државите на Бенелукс-економска унија, Сојузна Република Германија и Република Франција, за постепеното укинување на контролата на заедничките граници
{{{image_alt}}}
Потписите на Шенгенскиот договор од 14 јуни 1985
Потпишан14 јуни 1985
(пред 38 години, 10 месеци и 11 дена)
МестоШенген, Луксембург
На сила од26 март 1995
(пред 29 години и 30 дена)
Изворни
потписници
Белгија
Франција
Западна Германија
Луксембург
Холандија
ЧуварВлада на Големото Војводство Луксембург

Вкупно 29 земји, вклучувајќи 25 членки на ЕУ и уште четири други - Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Швајцарија се потписнички на Шенгенскиот договор.

Договорот го добил името по гратчето Шенген во Луксембург.