Шаховски турнир во Линарес

Шаховски турнир во Линарес — шаховски турнир, кој се одржува секоја година на крајот на февруари во шпанскиот градот Линарес, по кој и го има добиено името. Турнирот е опишуван како шаховскиот Вимблдон и заедно со шаховските турнири во Вајк ан Зее и Дортмунд е еден од најсилните шаховски турнири.

Одржувањето на турнирот е поддржано од страна на шпанскиот стопанственик Луис Ренторо.

Историја уреди

Портал  · Историја
Основи

Фигури  · Табла  · Правила
Стратегија  · Тактика  · Запис

Теорија

Отворање  · Средишница
Завршница  · Мат
Пешачка структура  · Принуден потег
Темпо  · Опозиција

Натпреварувања

Олимпијада
Вајк ан Зее  · Линарес  · М-Тел Мастерс
Дортмунд  · Нанѓинг

Организации

ФИДЕ  · ПША

Списоци

Поими  · Книги  · Партии
Отворања  · Силни турнири

Првиот турнир бил одржан во 1978. Во тоа време, турнирот не бил привлечен за врвните шахисти, па на воведнуиот турнир победил релативно непознатиот Швеѓанец Јан Елсон, пред Аргентинецот Роберто Дебарно. Турнирот се одржувал секоја година до 1987, кога истиот не се одржал, поради тоа што градот Линарес бил домаќин на завршниот меч од турнирот на кандидатите, во кој се спротивставиле Анатолиј Карпов и Андреј Соколов, при што победникот од овој меч требало да го предизвика светскиот првак Гари Каспаров на меч за светски првак. Одложениот турнир од 1987 се одржал во 1988, па оттогаш турнирот се одржува секоја година, со исклучок на 1996, кога Луис Ренторо бил вклучен во одржувањето на мечот мечот за светска првенка меѓу Жужа Полгар и Сје Жун.[1]

Во 1989, за првпат натпреварувачите од Советскиот Сојуз можеле да бидат повикани лично. На турнирот биле испратени покани до пет советски шахисти, наместо до два, со што просечниот рејтинг на турнирот се зголемил. Сепак, на турнирот во 1989 настанал голем конфликт. Имено, назначувањето на Виктор Батурински за главен арбитар на турнирот, предизвикало незадоволство кај шаистите од Советскиот Сојуз, кои настапувале под знамето на други земји, пред сè Корчној и Гулко. Ова довело до навреда, уште за време на првуиот ден од турнирот, па Виктор Корчној го напушил Линарес, уште за време на одржувањето на првиот круг на натпревари. Од натпреварувачка гледна точка, турнирот бил битка меѓу Анатолиј Карпов и Василиј Иванчук. Иванчук бил поуспешен и победил на турнирот.

Во 1990, за првпат на турнирот настапил светскиот првак Гари Каспаров. Неговите подготовки не биле на посакуваното ниво, бидејќи тој морал да му помогне на семејството од Баку да пристигне во Линарес. Сепак, го платил износот за учество од 30.000 $ и победил на турнирот.

Ренторо, кој бил противник на кратките реми партии, на учесниците им понудил парични награди за подолгите партии.

Турнирот во 1992 се одликувал со тоа што учествувале десетте најдобри шахисти во светот. Со тоа, турнирот станал Вимблдон на шахот.[1] На турнирот победил Каспаров, кој ги победил сите кандиадти за титулата светски првак во шах: Тиман, Карпов, Јусупов и Шорт.

Во 1998, организацијата на натпреварите се променила, од Бергеров систем, во кој секој играл по една партија, во турнир на кој учествуваат седум шахисти, кои во Бергеров систем играат по две партии (една со бели и една со црни фигури).

Турнирот во 1998, бил истоврмено и турнир на кандидатите. На турнирот победил Вишванатн Ананд, кој одбил да игра. По одбивањето на Ананд, на Широв му било понудено да игра против Крамник, кој прифатил и го победил Крамник, но мечот против Каспаров не се одржал.

Од 2006 до 2008, првата половина од натпреварите се одржуваше во мексиканскиот град Морелија, а втората половина во Линарес, па турнирот беше познат како Морелија-Линарес.

Во 2009, турнирот повторно се одржа целосно во Линарес.[2] Беше најавено дека во 2010, турнирот ќе се одржи во Линарес и Дубаи[3], но турнирот се одржа само во Линарес.

Победници на турнирот уреди

Година Победник Земја
1978 Јан Елсон   Шведска
1979 Лари Кристијансен   САД
1981 Анатолиј Карпов
Лари Кристијансен
  СССР
  САД
1983 Борис Спаски   СССР
1985 Љубомир Љубоевиќ
Роберт Хибнер
  СФР Југославија
  Германија
1988 Јан Тиман   Холандија
1989 Василиј Иванчук   СССР
1990 Гари Каспаров   СССР
1991 Василиј Иванчук   СССР
1992 Гари Каспаров   Русија
1993 Гари Каспаров   Русија
1994 Анатолиј Карпов   Русија
1995 Василиј Иванчук   Украина
1997 Гари Каспаров   Русија
1998 Вишванатан Ананд   Индија
1999 Гари Каспаров   Русија
2000 Владимир Крамник
Гари Каспаров
  Русија
2001 Гари Каспаров   Русија
2002 Гари Каспаров   Русија
2003 Петар Леко   Унгарија
2004 Владимир Крамник   Русија
2005 Гари Каспаров   Русија
2006 Левон Аронјан   Ерменија
2007 Вишванатан Ананд   Индија
2008 Вишванатан Ананд   Индија
2009 Александар Гришчук   Русија
2010 Веселин Топалов   Бугарија

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „LINARES CHESS TOURNAMENTS (1978-2008)“. Архивирано од изворникот на 2007-02-25. Посетено на 2009-10-25.
  2. „На официјалното мрежно место е објавено одржувањето на турнирот само во Линарес“. Архивирано од изворникот на 2009-03-02. Посетено на 2009-10-25.
  3. Article on the move to Dubai

Надворешни врски уреди