Шабан Шаулиќ (срп. Šaban Šaulić; Шабан Шаулић) (роден 6 септември 1951 во Шабац, Југославија, починал 17 февруари 2019 во Билефелд, Германија)[1]српски пејач. Во текот на неговата богата кариера во медиумите и од јавноста го добил прекарот „крал на народната музика“.[2][3][4]

Шабан Шаулиќ
Шабан Шаулић
Основни податоци
Роден(а)6 септември 1951
Починал(а)17 февруари 2019
Жанр(ови)Турбофолк
Занимање/њаПејач
Продукциска куќа/ќиГранд продукција

Шаулиќ загинал на 17 февруари 2019 во сообраќајна несреќа враќајки се од концерт во Билефелд во Германија.

Творештво уреди

Неговиот прв албум излезе во 1969 г. кога имал осумнаесет години, отприлика тогаш служел воен рок во Југословенската народна армија во Битола. До 1976 г., авторот на неговите песни бил Буца Јовановиќ, а од таа година сите свои песни ги пишувал лично.[4] Неговата жена се вика Гордана[5] за која тој има напишано и издадено хит-песна во албумот Кафанска ноћ (1985) наречена „Гордана“. Шаулиќ бил еден од најпродаваните пејачи во СФРЈ.[се бара извор] Тој исто така има снимано песни на македонски, како римејкот на класичната „Зајди, зајди“.

Приватен живот уреди

Шаулиќ живеел и работел во Белград.[6] Неговите омилени забави се рибарење, во својата викендица во Крчедин,[6][7] и фудбал.[2]

Со својата сопруга Гордана[5] има три деца — Санела, Илдуза и Михајло. Илда е исто така пејачка на новокомпонирана народна музика.

Кума на Шабан Шаулиќ е познатата пејачка Зорица Брунцлик.[8]

Дискографија уреди

  • Дајте ми утјеху (1969)
  • Сутра нек дође крај (1970)
  • Због неверства једне жене (1970)
  • Два ока њена (1973)
  • Душа ме боли драга (1974)
  • Како си мајко, како си оче (1974)
  • На столу писмо од мајке (1975)
  • Ти мотику, а ја плуг (1975)
  • Ти си сада срећна (1975)
  • Кад љубави дође крај (1976)
  • Увенуће нарцис бели (1976)
  • Није он човек за тебе (1976)
  • Немој поглед да сакриваш (1977)
  • Позно бих те међу хиљаду жена (1978)
  • Због тебе сам постао овакав (1978)
  • Дођи да остаримо заједно (1979)
  • Поново смо на почетку среће (1980)
  • Мени је с тобом срећа обећана (1981)
  • Све сам с тобом изгубио (1982)
  • Теби не могу да кажем не (1984)
  • Кафанска ноћ (1985)
  • Кад би чаша знала (1986)
  • Ах, мерака у вечери ране (1986)
  • Верујем у љубав (1987)
  • Само за њу (1988)
  • Љубав је велика тајна (1989)
  • Љубав је песма и много више (1989)
  • Помози ми друже, помози ми брате (1990)
  • Анђеоска врата (1992)
  • Љубавна драма (1994)
  • Волим да волим (1995)
  • Шабан Шаулић од срца (1996)
  • Теби која си отишла (1996)
  • Љубав је слатка робија (1997)
  • Тебе да заборавим (1998)
  • Бојана (1999)
  • Нема ништа мајко од твога весеља (2001)
  • Краљ и слуга (2002)
  • Са мном спаваш, њега сањаш (2004)
  • Тело уз тело (2005)
  • Богати сиромах (2006)

Наводи уреди

  1. IMDB, „Шабан Шаулић“ (англиски)
  2. 2,0 2,1 Независне новине, интервју са Шабаном Шаулићем[мртва врска]
  3. „Балкан медија, „Шабан Шаулић постао сувласник медијске куће Мегасаунд". Архивирано од изворникот на 2009-12-16. Посетено на 2008-01-01.
  4. 4,0 4,1 „Свет, интервју са Шабаном Шаулићем“. Архивирано од изворникот на 2004-03-14. Посетено на 2008-01-01.
  5. 5,0 5,1 „Балкан медија, „Промоција". Архивирано од изворникот на 2009-11-09. Посетено на 2008-01-01.
  6. 6,0 6,1 „Балкан медија, „Шабан Шаулић се ужелео пецања". Архивирано од изворникот на 2009-11-09. Посетено на 2008-01-01.
  7. „Балкан медија, „Недостаје још само соло концерт". Архивирано од изворникот на 2009-12-17. Посетено на 2008-01-01.
  8. „Балкан медија, „Начео шесту деценију". Архивирано од изворникот на 2009-12-17. Посетено на 2010-06-23.