Чумово

село во Општина Прилеп

Чумово — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Чумово
Чумово во рамките на Македонија
Чумово
Местоположба на Чумово во Македонија
Чумово на карта

Карта

Координати 41°16′55″N 21°34′9″E / 41.28194° СГШ; 21.56917° ИГД / 41.28194; 21.56917
Општина  Прилеп
Население 6 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7501
Шифра на КО 20111
Чумово на општинската карта

Атарот на Чумово во рамките на општината
Чумово на Ризницата

Потекло на името уреди

Селото Чумово го добило своето име бидејќи го основале луѓе кои преживеале една тешка чума.[2]

Историја уреди

На потегот Табачица кој лежи према соседниот Прилепец, жителите наоѓале стари гробови, земјени лонци (земјени вршници) и ѕидови „со тули и вар“. Овие старини се од некогашна градска населба која лежела во соседниот Прилепец. Се зборува дека Чумово најнапред се нарекувало Мало молци. Лежело 500 метри југозападно од денешното место, на местата сега наречени Лозишта и Корија. Во тоа село „ватила чума и народот се изгубил“.Чумата „отепала 90 невести“. После тоа од друга населба дошле нови родови кои го оснивале Чумово на денешното место. На земјиштето каде што лежело споменатото Мало молци се најдуваат парчиња ќерамиди. Над селото е црквата Св. Никола, изградена 1925 година. И порано тука била стара црква. До црквата е местото чумини гробишта. Таму до 1925 година биле околу 30 гробови со плочите во правец исток-запад, при градењето на црквата тие плочи се искористени за ѕидови. Крај црквата се и гробиштата на денешните селски родови. „Панаѓурот“ е третиот ден на Велигден. Пред крајот на турското владеење овде постоеле три читлузи: два турски и „еден каурски“. Сопствениците на читлузите се викале : Мамут бег, Голосабјовци, Миноски.Сите биле од Прилеп.Христијанинот Мино го куппил читлукот од еден турчин. Селаните земјата ја купиле до 1912 година. Бројот на домаќинства изнесувал: 1921 г. -18, 1948 г. -31, 1961 г.-37, 1971 г.-34, 1991 г.-18, 2001 г.-10.; 2021 г.-5

Во XIX век селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.

Географија и местоположба уреди

Тоа е потпланинско село југоисточно од Прилеп. Околни населби се: Прилепец, Волково, Штавица и Мало Рувци. Водата за пиење се добива од два извори кои избиваат во самата населба ( еден е изѕидан во чешма).На планината источно од Чумово извира изворот Честак а во полето, на запад, извира изворот Шопур.Тој извор обично е сув три до четири години, потоа има вода една до две години, па повторно пресушува.Чумово е село од збиен тип. се дели на долно и горно маало. Сродните куќи се блиску една до друга.Помалите делови на селото носат родовски имиња: Писокалци, Џинговци итн. Во чумово во 1954 имало само 39 домаќинства. Поедини делови на атарот се нарекуваат : Корија, Честак, Ставројца, Табачица, Биро, Среде друм, Слатина,Шопур, Слива, Ристејца и Чучурка.Од Прилеп е оддалечено 12 километри, и до него се стигнува по регионалниот пат Прилеп-Витолиште, на 10-тиот километар се свртува лево и потоа се патува уште два километри по тампониран пат.

Стопанство уреди

Населението во селото се занимава со сточарство и земјоделство. во селото има околку 1200 овци и 30 говеда во приватна сопственост. Во околината на селото се засадуваат по 50 хектари тутун, 50 хектари житни култури, како и 10 хектари лозја. Инфраструктурата е на многу ниско ниво, нема вода, нема асфалтен и пристапен до селото и низ селото, нема доволно вода за животните во долгите и жешки лета.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948260—    
1953258−0.8%
1961227−12.0%
1971171−24.7%
198195−44.4%
ГодинаНас.±%
199146−51.6%
199433−28.3%
200217−48.5%
20216−64.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Чумово живееле 80 жители, сите Македонци.[3] Според податоците на секретарот на егзархијатаДимитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Чумово се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 17 куќи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[6]

Според пописот од 2002 година, селото Чумово брои 17 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, сите Македонци, но има еден дел од околу 10-тина жители кои се попишуваат дека живеат во Прилеп.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 80 80 260 258 227 171 95 46 33 17 6
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови уреди

Чумово е македонско село.

Родови во Чумово се:

  • Доселеници: Батковци (6 куќи) најстар род во селото. доселени се од селото Пашино Рувци. Го знаат следното родословие: Јован (жив на 55 г. во 1950-тите) Диме-Илија-Коте, предокот кој се доселил во селото; Џинговци (7 куќи) жителите на овој род велат „ дедо бил момче во Прилеп“ таму нашол девојче викано Виша, и со девојчето пребегнал во Битолско. Кога се правел манастирот во Прилепец (во 1870 година) некој шетал за милостиња, и го нашол нашиот дедо и го населил во Чумово; Апостоловци (6 куќи) доселени се од Старо Лагово; Орленци (4 куќи) доселени се на крајот од XIX век од мариовското село Орле; Крушичани (2 куќи) доселени се брзо после Орленци, од мариовското село Крушевица; Мустревци (3 куќи) доселени се во 1909 година од селото Мало Рувци, таму имаат роднини. подалечно потекло од битолското село Добрушево; Писокалци (8 куќи) доселени се од сега пустото село Писокал кај село Бонче; Дрпачовци (2 куќи) доселени се од селото Лопатица, и таму се доселени однекаде; Мрњар (1 куќа) доселени се од селото Прилепец.[12]

Општествени установи уреди

Црква:Свети Никола изградена во 1925 година,

Параклис: Свети Василиј Острошки, изграден во 2023 година,

месна заедница,

Самоуправа и политика уреди

Совет на Месна заедница

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1438 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости уреди

Црква: Свети Никола која се наоѓа на исток во селото

Параклис: Свети Василиј Острошки се наоѓа северозападно од селото

Редовни настани уреди

Селска слава е Велигден, и се празнува третиот ден. Секако домаќинставата си имаат и свои домашни слави. Во минатото на тој ден се одржувал и селскиот панаѓур.

Црковна слава е Св. Никола - летен, Талалеј на 2 јуни денски. Се слави од 2010 година, и на тој ден селото е посетено од повеќе стотици луѓе, кои потекнуваат од тука, како и од соседните села.

Крстовден 27 септември, ден на осветувањето на Параклисот Свети Василиј Острошки, се слави од 2023 година

12 мај Свети Василиј Острошки, прв пат ќе се слави од 2024 година

  • Покрсти — специфичен и уникатен обичај од верски карактер;[15]

Личности уреди

Филип Божинов, деец на Македонската револуционерна организација, заробен во 1903 година, испратен на заточение, убиен со бајонет во Мала Азија.

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Иселувањето започнува некаде 1960 година,а иселеници има најмногу во Прилеп, Битола, Австралија, Австрија итн.

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Ф. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Српска академија наука и уметности. стр. 30.
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 245.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 23.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Жива историја – раскажувања за историјата на Пелагонија и Мариово (1856 – 1950)“ – од авторот Томе Велјаноски, во подготовка на Тренчо Димитриоски, КИДЦМ „Калеш Анѓа“, с. Крушевица, Прилеп 2004.

Надворешни врски уреди