Чипровско востание

Чипровско востаниевостание кое избувнало во 1688 година во Чипровци, северозападна Бугарија. Востанието избувнало против Османлиското Царство. Востанието следело по заземањето на Белград од Хабсбуршка Австрија во 1688 година.

Чипровско востание
Датум 1688
Место Чипровци, Бугарија
Исход Османлиска победа
Завојувани страни
Бугарски востаници Османлиско Царство
Команданти и водачи
непознато
Сила
непознато непознато
Жртви и загуби
непознато непознато

Позадина уреди

Кон крајот на 17 век, Османлиското Царство полека започнала да се распаѓа. Ова најмногу се осетило по поразот кај Виена во 1683 година. Големите трошоци за неуспешните воени походи ги принудило Османлиите да ги зголемат даноците и да им одземат дел од привилегиите кои ги имале христијаните во рамките на империјата. Во 1630-1645 година, епископот Петар Парчевиќ, бугарски католик и свештеник, спровел дипломатска кампања меѓу христијанските владетели на Средна Европа. Заедно со Петар Богдан и Франческо Соимировиќ го посетиле Фердинанд II од Австрија, Сигисмунд III, Владислав IV и Матеј Басараб. Во 1647 година, Османлиите коро целосно се повлекле од северозападна Бугарија. Матеј ветил дека ќе даде поддршка од околу 20.000 војници како поддршка за востанието. Сепак, на 20 мај 1648 година починал Сигисмунд III, и востанието било повлечено. За успех на христијаните се чекало до нападот на Османлиите на Виена во 1683 година, кога тие биле катастрофално поразени. Во 1684 година бил склучен нов сојуз помеѓу Полска и Австрија, а подоцна кон сојузот се вклучила и Венеција и Русија. Целта на сојузот била да се зазеде Белград. Овој настан им дал можност на Бугарите од Чипровци да се дигнат на востание.

Текот на востанието уреди

 
Чипровско востание

Околу текот на востанието и воените дејства денеска не постојат многу документи. Во 1688 година, востаниците на Георги Пејачевиќ го напуштиле Чипровци и се приклучиле на австриската армија. По Битката кај Белград избувнало востанието во Чипровци. решавачката битка се одвила во октомври 1688 година во месноста Жеравица, во близина на Кутловица. Во оваа битка востаниците биле поразени од страна на османлиските и унгарските сили.

Последици уреди

И покрај тоа што по оваа битка продолжиле и неколку други, сепак сите завршувале со задушување. Чипровци бил освоен на 18 октомври и целосно разрушен заедно со околните села Копиловци, Железна и Клисура. Речиси целото население било или убиенио или заробено. Во следните месеци продолжил отпорот од страна на ајдутските чети. Задушувањето на востанието предизвикало масовни преселби на христијанското население и населување на муслимани.

Извештај до папата уреди

За [католичкиот] надбискуп на Бугарија Јован Стефан Кнежевич и за Ѓорѓи Пејачевич е кажано следново: Убеден и охрабрен со писмолично од царот Леополд да го помогне среќното остварување на христијанската кауза, гореспоменатиот надбискуп го испратил својот роднина Ѓорѓи Пејачевич со бугарска војска во Карансебеш и Сикловар да се сретне со гене-ралот Ветерани. На патот натаму [Пејачевич] се придружил на српската војска, па [заедно]со Власите ја зазеле Оршова и ги обезглавиле, речиси, сите Турци. Но кога во 1688 гореспоменатиот Ѓорѓи со својата бугарска војска, четирите капетани од Колопивец, четирите од Чипровци и други, заедно со [хусарите] на Чаки сакале да го изгаснат воениот факел на Текели (и сосема да го уништат), ги предал еден дезертер, а илјадници Бугари загинале во крвавата битка, која наеднаш избувнала близу Куловица и во која претрпеле целосен пораз. По битката, остатокот (од војската) се повлекол во Чипровци и некое време успешно го бранеле градот од Текели, одбивале да го предадат, иако тој сакал да го искористи тоа што е христијанин обидувајќи се да ги намами со ветувања за богатство и функции во Трансилванија. На крајот, градот бил нападнат и освоен од страна на турските и на татарските орди кои пристигнале; сè наоколу било уништено и запалено, а луѓето испоубиени. Се зборува дека огромното богатство, ставано настрана во текот на многу години и нараснато во долгиот мирен период, било однесено со повеќе од 100 коли. Но ниеден од присутните христијани не можел да задржи ништо, освен, можеби, голиот живот; имало само малкумина на кои им успеало, иако било бескрајно тешко